Еден загинат и тројца повредени кај Кичево
Деветнаесетгодишно момче од Кичево загина, а три лица се тешко повредени во сообраќајна незгода на патот Кичево – Македонски Брод. Несреќата се случила завчера по полноќ, во близина на селото Староец, кога автомобилот „сузуки свифт“ излетал од патот и се превртел.
Според МВР, на самото место починал возачот на автомобилот Бујар Б. од Кичево (19), додека неговите сопатници 19-годишните Б.А. и Д.Б., како и 18-годишниот Б.Р. се тешко повредени. Двајца од нив се префрлени на лекување во Костозглобната болница во Охрид, а еден повреден, поради сериозноста на повредените, се лекува во Ургентниот центар во Скопје. (Х.Р.) |