Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника
Барале 500 евра поткуп за дивоградба

Градежна инспекторка од скопската населба Гази Баба, урбан полицаец и негов пријател завршија во дваесетдневен притвор поради земање поткуп. Според МВР, тројцата поделиле 500 евра што ги изнудиле од сопственик на градба за што тој немал дозвола и требало да се урне.

Првопријавена е раководителката на урбанистичко-градежната инспекција во општина Гази Баба, која заедно со урбаниот полицаец, преку трето лице И.Д. ги побарале парите од скопјанецот, кој немал одобрение за градба на објект на улицата „Маџари-2“, во општина Гази Баба.

Според полициската истрага, сопственикот на му бил побаран поткуп за да не му го урнат објектот во почетокот ги одбивал ваквите „непристојни предлози“, за на крај, сепак, да попушти и да им даде 500 евра. Претходно тој случајот го пријавил в полиција, која што му дала обележани пари за да ги фати уценувачите.

Средбата се случила во петокот, во кафеана во населбата Автокоманда, каде што сопственикот на објектот ги донел бараните пари. Откако ги зеле, уценувачите со нив си ги плаќале сметките, а останатиот дел од парите го поделиле меѓу себе. Кај фабриката ФАС „11 Октомври“ полицијата го пресретнала возилото во кое се наоѓале и кај нив ги пронашла обележаните пари, по што лицата се приведени. (Х.Р.)

#
Статијата е прочитана 755 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Еден загинат и тројца повредени кај Кичево
Од забава во страшна смрт во амбис кај Калиманци
Сомнително возило ги исплаши брвеничани
„Алфите“ привеле 278 лица во април
Штипјанка починала од струен удар под туш