Педесет и четиригодишна штипјанка починала од струен удар додека се туширала во својот дом во Штип. Како што информираше полицијата, Станка Б. починала од удар на струја додека се капела. Од СВР-Штип информираат дека несреќата се случила најверојатно поради неисправна инсталација во бањата на штипјанката. „Дежурниот лекар не констатирал траги на насилство“, информираат од МВР за овој несреќен случај. (Х.Р.)