Спикерот на парламентот ќе формира нова влада во Белгија
БРИСЕЛ - Спикерот на белгискиот парламент го прифати барањето од кралот Алберт да формира нова влада, во обид да го надмине политичкиот ќорсокак во земјата.
Се очекува фламанскиот демохристијанин Херман Ван Ромпуј да ја одржи постоечката петпартитна коалиција на досегашниот премиер Ив Летерм. Владата на Летерм пропадна пред 10 дена, поради тврдењата за политичко мешање во банкарско спасување. Скандалот со Фортис банк беше врв на политичките тензии од етнички причини. Ривалството меѓу холандските и француските политичари на Белгија создаде неколкумесечна парализа во владата по минатогодишните избори. Глобалниот економски застој ги дополни проблемите на Белгија.
Дописникот на Би-Би-Си од Брисел јави дека Ван Ромпуј (61) се гледа како идеален кандидат кој ќе помогне Белгија да се справи со економската слабост. Но засега тој инсистираше дека не ја сака главната функција. Како поранешен министер за буџет тој го намали јавниот долг во деведесеттите години. (Би-Би-Си)
|