Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Стоп за адитивите во цигарите

Хемиските адитиви во цигарите полека се исфрлаат од игра. Имено, Светската здравствена организација на конференцијата во Уругвај усвои директива за засилување на борбата против пушењето, пред се', со регулирање на користењето хемиски адитиви што ја ублажуваат цигарата и ја прават попривлечна. Во СЗО наведуваат дека во тутунските производи се користат стотици хемиски супстанции за тие да се направат поатрактивни, поради што треба да се ограничат или укинат. Оттаму сметаат дека на овој начин ќе ги заштитат младите што почнуваат да пушат привлечени од вкусот на чоколада или на ванила во чадот од цигарата. „Директивата ќе им помогне на државите да ги приспособат своите закони и да одговорат на лажните аргументи на тутунската индустрија, а секоја земја треба да го одреди најдобриот начин за нивна примена, со цел промоција на здраво население“, пренесуваат агенциите.

Производителите на тутун протестираа поради директивата, наведувајќи дека регулирањето на употребата на адитиви во цигарите може да резултира со забрана на одредени видови цигари, со што ќе се загрозат повеќе милиони работни места. Станува збор за бленд-цигарите, кои ќе треба да престане да се произведуваат, што посредно ќе значи и намалена побарувачка на тутун, посебно ориентален, што е составен дел од бленд-цигарите.

Македонската тутунска индустрија со забраната за користење адитиви во цигарите се најде во ќор-сокак. Сите се во паника, првенствено поради непрецизните информации дали оваа забрана ќе стави катанец на тутунското производство и на ориенталниот тутун што се произведува кај нас.

„Се' уште не се знае со сигурност дали забраната за користење адитиви ќе стави крај на производството на ориентален тутун, кој единствено кај нас е присутен или, пак, не. Сепак, факт е дека цел на оваа забрана е укинувањето на бленд-цигарите, кои го користат ориенталниот тутун, но не се знае дали тоа ќе значи потреба за целосно престројување на тутунската индустрија, дали ќе може да се користат некои адитиви или, пак, сите ќе се исфрлат од игра“, велат од Стопанската комора на Македонија.

Тутунарите се убедени дека крајот на адитивите не значи и крај на македонското производство на тутун. „Ние не сме производители на адитиви, туку на ориентален тутун. Токму поради тоа реагиравме да се преиспита додавањето адитиви во процесот на фабрикација, а ние да бидеме ставени настрана од тој проблем. Ориенталниот тутун не е адитив и се користи во повеќе цигари, а не само во бленд. Затоа сме убедени дека ова не значи крај на нашето тутунарство“, вели претседателот на Здружението на тутунопроизводителите, Данчо Милевски.

Иницијативата за укинување на адитивите потекна од Канада, која бараше забрана на користење адитиви при производството на т.н. бленд-цигари и на други тутунски производи. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 883 пати.

Испрати коментар

Од: gimce
Датум: 23.11.2010 12:11:38
Korekcija na napisot Ne se stavat hemiski aditivi za da bidat poprivlecni tuku za da stanes celosen zavisnik za cigari Kaj nas skapana hrana se prodava a boze moj koj ke proveri cigari!!!!!!

Најди! во Утрински
Економија
Сонот на возачите ќе удри по џебот на патниците
Нова кола на лизинг додека се фати женска
Бензините поскапеа за еден денар
Пониски камати за стан од Шпаркасе банка
Од идната година дозволи за увоз на храна и на граница
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial