Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Сонот на возачите ќе удри по џебот на патниците

О�� идната година работните часови и времето за одмор на возачите ќе се снимаат на мемориски картички

Сања Наумовска

Ќе растат цените на превозот на патници и стоки во меѓународниот сообраќај. Промените во работното време на возачите на патничките автобуси и на камионите, кое ќе се усогласува со европските правила, ќе го продолжи времетраењето на транспортот, а истовремено и ќе ги зголеми цените на билетите. Транспортерите нема да смеат да ги присилуваат возачите да возат подолго од дозволеното, бидејќи ќе се соочуваат со ригорозни казни. Секој возач ќе мора во текот на денот и на работната недела да има задолжителен одмор утврден со Законот за работно време, задолжителни одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај. Над 30 проценти од незгодите на европските автопати се предизвикани од изморени возачи, а целите на новите правила е да се зголеми безбедноста при патувањето.

Новините за транспортните претпријатија ќе важат од 1 јануари идната година кога сите превозници што учествуваат во меѓународниот сообраќај ќе мора да си набават мемориски картички што ќе треба да ги вградат во тахографите. На нив ќе се снима секоја активност на возилото, поточно работните часови и одморот на возачот. Законот предвидува најмалку 11 часа одмор во текот на едно деноноќие, односно неделен одмор од 45 часа. Фирмите не смеат му наложуваат на еден возач подолга работна недела од 48 работни часа, односно дневно повеќе од 9 часа. Сите податоци од мемориските картички транспортерите се должни да ги чуваат најмалку 12 месеци и во секое време да ги презентираат пред инспекцијата.

Транспортерите се жалат дека за подолги меѓународни тури сега ќе треба да ангажираат двајца или тројца возачи за да можат да одговорат на потребите на клиентите и навреме да ги завршуваат договорените обврски за транспорт. Во спротивно, велат, ќе се соочат со ригорозни казни што се движат и до 5.000 евра. Поради тоа, ќе им се зголемат трошоците за плати, но и за набавка на мемориски картички, што ќе предизвика неминовно зголемување на цените на превозот. Транспортерите најдоцна до 2012 година ќе треба целосно да се откажат и од возилата со понизок стандард од ЕУРО 4, бидејќи тие возила немаат можност за вградување тахографи и користење мемориски картички.

Секое транспортно претпријатие ќе треба да набави возачки картички за сите возачи, но и посебни за компанијата. Картички ќе треба да имаат и работилниците што ќе ги архивираат податоците, како и инспекторите на Министерството за транспорт и врски, кои ќе прават контроли. Цената на една картичка е 32 евра, а ќе се набавуваат од фирмата „СИЗ Македонија сообраќај - АМЕРИТ“. Според управителот Златко Кочовски, фирмата очекува во првите две години да издаде околу 15.000 мемориски картички. „Моментно ги правиме подготовките и веруваме дека на сите барања за картички ќе одговориме во законскиот рок од две недели. Картичката ќе се менува на секои пет години“, објаснува Кочовски.


#
Статијата е прочитана 1537 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Нова кола на лизинг додека се фати женска
Бензините поскапеа за еден денар
Стоп за адитивите во цигарите
Пониски камати за стан од Шпаркасе банка
Од идната година дозволи за увоз на храна и на граница
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial