Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Нова кола на лизинг додека се фати женска

Лизинг-компаниите вријат од запленети возила, кои по три неплатени рати, завршуваат на паркинзите

Соња Маџовска

„Има мангупи што земаат нова кола на лизинг само за да ја паркираат пред познатите кафулиња и да привлечат внимание на некоја женска. Тоа трае неколку месеци, додека се фати женската, по што лизниг-компанијата го запленува возилото поради неможноста клиентот да ги плаќа ратите. Најчесто станува збор за автомобили до 10.000 евра“, вакви приказни се' почесто се вртат по скопските кафулиња.

Овие одземени автомобили им прават големи проблеми на лизинг-компаниите, бидејќи стојат по паркинзите, а никој не сака да ги купи. Иако тие може да се возени и само неколку месеци, нема заинтересираност за нив. За автомобилите се вели дека штом ќе излезат од автосалон, цената им паѓа, ама и тоа не помага овие возила подоцна да се продадат. Познавачите велат дека паркинзите на лизинг-компаниите вријат од запленети возила, кај некои има и по 100 на лагер, а според нив, причината за тоа лежи во тоа што тие возила се даваат без учество. „Проблемот со секундарниот пласман на одземени и вратени возила лежи

во автомобилскиот пазар и неговиот развој во последните години. Со доаѓањето на економската рецесија и намалената побарувачка на автомобили, цените на овие автомобили почнаа да се намалуваат, за денес да дојдеме во ситуација определени модели да бидат поевтини и до фрапантни 40 проценти. Масовниот увоз на половни автомобили оваа година, исто така, ја влоши ситуацијата за репласман на возила. Од тие причини, одземените или вратените возила за кои бил склучен договор, на пример, пред две години, немаат атрактивни цени. НЛБ „Лизинг“ нема голем проблем со овие возила. Нашиот лагер изнесува 30-ина возила, кои постојано се обновуваат. Ситуацијата кај другите лизинг-компании веројатно е посериозна, пред се', поради пласирањето на овие автомобили без учества или со ниски учества во минатото, кои не успеваат ни оддалеку да ја покријат амортизираноста на овие возила“, вели Маја Лапе-Трајкова, директорка на НЛБ „Лизинг“. Според неа, тие годинава одзеле вкупно 65 возила. Особено е зголемен притисокот кај лизинг-компаниите и поради фрапантниот увоз на стари автомобили. „Не е тајна дека измените во законската регулатива што се однесуваат на дозволената старост за увоз на половни возила имаат фатално влијание за продажбата на нови возила. Според податоците што се на располагање, продажбата на нови автомобили е намалена од 35 до 40 отсто. Соодветно на тоа, опаднаа и нашите пласмани во возила. Од друга страна, драматично е зголемен увозот на половни автомобили, кој фактички ја супституира продажбата на нови автомобили“, објаснува Лапе-Трајкова.

Од Хипо Алпе Адрија Лизинг велат дека ситуацијата не била толку алармантна. „Заклучно со октомври 2010, имаме склучено околу 215 договори за лизинг. Од вкупното портфолио, кое изнесува околу 2.800 договори, годинава имаме одземено околу 120 возила. Стапката на ремаркетинг е доста висока, односно околу 70 отсто“, велат од Хипо Алпе Адрија Лизинг. Оттаму признаваат дека кредитната задолженост на граѓаните ја намалила значително нивната финансиска моќ. „Значаен фактор е и промената на банкарска политика во однос на одобрувањето на кредити, која е далеку поригорозна сега отколку во времето пред кризата, што од своја страна придонесува за уште повеќе да се намали економската активност, а со тоа и ликвидност на фирмите. Земајќи предвид дека предметот што е даден на лизинг е во наша сопственост се' до истекот на договорот, секако, ние ги користиме бенефитите од правната сопственост за да ги обезбедиме нашите средства, во случај кога клиентите доцнат со плаќање. Во врска со информациите дека е се' потешк�� да се наплати, одговорот би бил дека, сепак, ситуацијата не е толку алармантна“, велат од оваа компанија.

Во земјава од почетокот на годинава се увозени над 47 илјади стари возила, а само 6 илјади нови. Но, во ноември замре продажбата и на стари и на нови автомобили. Македонските граѓани велат дека за купување автомобил ќе размислуваат од 1 јануари наредната година, бидејќи нема да се наплаќа царина за возилата што се увезуваат од земјите од ЕУ. Автоувозниците, пак, објаснуваат дека тоа нема многу да влијае врз падот на цената на возилата, или минимално, во просек од 200 до 300 евра. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 6541 пати.

Испрати коментар

Од: USA Driver
Датум: 23.11.2010 18:55:22
Prasanje do lizing kompaniite - zosto ne barate ucestvo od klienti koi predstavuvaat krediten rizik? Lizing modelite vo MK a i na balkanot se fundamentalno pogresni, i toa ke gleda vo "lagerot" na odzemeni vozila. Predpostavuvam deka "lagerot" ke se zgolemi za 50% procenti vo narednata godina.
Од: tonci
Датум: 23.11.2010 23:25:19
Ete kakvi se nasite zenski,samo kola i pari gi interesira,pravi domakinki:)
Од: ice.
Датум: 24.11.2010 09:01:44
Ke gi zamolam lizing kompaniite da mi izvinat, no cim ste lesinarski firmi, sto ve cudi sto okolu glavata vi se vrtat lesinari i prevaranti.
Од: elena
Датум: 24.11.2010 10:11:33
Do USA Driver, Ucestvo treba da se bara ili od site ili od nikoj, ne moze leasing kompaniite za edni klienti edni uslovi za leasing da postavat za drugi drugi uslovi. Toa sto moze i sto sigurno se pravi e da se proveri kreditnata zadolzenost na klientot, sto od druga strana ne mora realno da gi otslikuva namerite zosto eden poedinec kupuva nov avtomobil.
Од: agromc
Датум: 24.11.2010 11:41:43
Dodeka ima ovci kje ima i vuna.
Од: mani
Датум: 24.11.2010 14:40:26
e taka si e ako imas kola site momi trcat ako nemas ne te poznavat pa u pravo se so kupuvat koli

Најди! во Утрински
Економија
Сонот на возачите ќе удри по џебот на патниците
Бензините поскапеа за еден денар
Стоп за адитивите во цигарите
Пониски камати за стан од Шпаркасе банка
Од идната година дозволи за увоз на храна и на граница
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial