Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Бензините поскапеа за еден денар

Цените на бензините и на дизел-горивото од денеска се зголемуваат од еден денар до еден и пол ��енар за литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85, односно за 2,07 отсто.

Од денеска, па во наредните 15 дена, новата цена на „Еуросупер“ БС-95 ќе изнесува 69 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) - 47 денари за литар. „Еуросупер“ БС-98 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, а „Еуродизел“ (Д-4) ќе чини 58,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,508 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот, М-1 НС, кој сега ќе се продава за 32,124 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати се посочува повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар од 1,98 отсто во изминатите 14 дена, како и повисокиот курс на доларот за 1,28 отсто во однос на денарот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 703 пати.

Испрати коментар

Од: Bitola
Датум: 23.11.2010 14:21:41
Nekade vo 2005g. koga na svetskata berza se poskapi naftata "ekonomskoto cudo od covek" Gruevski rece:neme interesira svetskata berza,vladata e taa sto treba da najdi mehanizam cenata na benzinite da ne vlijaat vrz butzetot na graganite.I sega neka go bara Grujo careto oti vaka poveke ne se zivee,se e poskapeno.

Најди! во Утрински
Економија
Сонот на возачите ќе удри по џебот на патниците
Нова кола на лизинг додека се фати женска
Стоп за адитивите во цигарите
Пониски камати за стан од Шпаркасе банка
Од идната година дозволи за увоз на храна и на граница
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language