Пониски камати за стан од Шпаркасе банка
Шпаркасе банка Македонија воведе нов производ во делот на станбените кредити, со фиксна и намалена годишна каматна стапка од 6,95 отсто за првите три години од кредитниот период. За остатокот од кредитниот период, доколку редовно се намируваат обврските, е предвидена променлива годишна каматна стапка од 7,5 отсто.
Максималниот износ на кредитот зависи од кредитната способност на корисникот на кредитот, кокорисникот или неговиот жирант, така што ратата може да биде до половина од износот на месечните примања, со рок на отплата на кредитот до 360 месеци. Еднократната провизија за кредит до 40.000 евра е 1,5 отсто од износот на кредитот, а над овој износ таа изнесува еден отсто. Моментно овој продукт банката го нуди без нотарски трошоци за апликантите. Во однос на станбениот кредит, Шпаркасе банка има соработка со одредени градежни компании, каде што поволноста е во поедноставувањето на процедурата за одобрување на кредитните барања. (Ек.Р.) |