Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Почина четирикратниот убиец, за двегодишната ќерка ќе се грижи дедото

Пред убиствата, Раиф Качар пиел во бар, се жалел дека останал сам, но не навестувал крвав поход



Горан Адамовски


Нашинецот Раиф Качар (42), кој во неделата уби четири лица во Чешка, а потоа си стрелаше во глава, завчера почина во болницата во Острава. Неговото тело најдоцна за една недела ќе пристигне во Скопје, а потоа и во родното село Долно Коњаре. За двегодишната ќерка на Раиф и на Влатка ќе се грижи братот од таткото на 25-годишната Чехинка.

„По неколкудневна борба за неговиот живот, кај пациентот, кој во коматозна состојба беше пренесен во нашата болница, е констатирана клиничка смрт на мозокот“, изјавил за чешките медиуми директорот на болницата во Острава, Томас Оборни.

Неговите роднини во скопското село Долно Коњаре, кои чекаа виза за да заминат во Чешка, сега се подготвуваат за погреб.

„В понеделник имаме состанок во чешката амбасада во Скопје и најдоцна за една недела телото на Раиф ќе биде пренесено во земјава“, велат роднините на Качар.

Чешкиот весник „Блеск“, повикувајќи се на полицискиот извештај, пишува дека пред убиствата, Качар со своите другари пиел во еден бар во Острава. „Според сведочењето на еден од неговите пријатели, Качар се жалел дека изгубил се': детето, жената и станот, но не спомнал ниту навестувал дека планира масакр“, пишува весникот.

Според истрагата, Качар потоа заминал во блискиот град Петрвалд, ја урнал влезната врата од кафеаната каде што Влатка го прославувала 25 роденден, а татко и' Владимир 50-от. Со пиштолот што го поседувал без дозвола, најнапред ја застрелал 46-годишната мајка на сопругата, потоа татко и', п�� Влатка, нејзиниот 34-годишен пријател, за на крајот да си стрела во главата.

Чешките медиуми пишуваат дека Качар не можел да се помири дека е готово меѓу него и Влатка.

„Затоа, постојано ја малтретирал. Еднаш и' ја удрил главата од ѕид“, пишува „Блеск“. Случајот бил пријавен во полиција, но Качар успеал да избегне казна, бидејќи Влатка не сакала да сведочи против него.

„Освен што не сакаше да сведочи, таа одби и да ни ги покаже медицинските белешки“, вели портпаролката на полицијата во Острава, Габриела Холчакова.

Двегодишната Николка сега е во рацете на бабата и на чичко и' на Влатка.

„Судот ќе треба да одлучи што понатаму, но нема сомнение дека Николка ќе остане со нас“, вели за тамошните медиуми, братот на убиениот Владимир.

Блиските на Качар негираат дека тој ја малтретирал невенчаната сопруга. Како причина за убиството го наведуваат неверството на Влатка. Раиф Качар веќе 20 години живеел во Чешка, а со Влатка бил во невенчан брак околу шест години. Претходно бил женет и разведен во Унгарија. Од тој брак имал три деца.


Статијата е прочитана 1884 пати.

Испрати коментар

Од: a
Датум: 14.03.2009 01:09:37
A poradi sto se razvel od prvata zena? Da rodninite negovi normalno taka ke vikaat, a koja e pricinata zasto Vlatka go ostavila nego, ili zasto go izneveruvala. Od tuku taka nemoze. Mnogu dobro gi poznavam takvite lugje kako nego, site tie se nevini.
Од: Dragica Cvetanovska
Датум: 14.03.2009 14:01:41
Pozdrav do "Utrinski vesnik" Nikoj na nikogo nema pravo da odzema zivot.Nikoj na nikogo ne e licna sopstvenost bez pricina na vina ili ne.Toj isto predhodno bil zenet i imal 3 deca pa koj trebalo nego da go ubie.Toa se bolni egoisticni dusi sto ja gledaat samo svojot interes,pa i po mrtvi ke gazi ako treba.I dobro sto pocinal.Zalost za nevinoto dete i site nastradani.
Од: Aleksandar
Датум: 15.03.2009 10:26:11
sakav i jas istoto da go napravam. Nemav srce, i uste se kajam sto toa ne go napraviv. Lesna mu zemja,i toj samiot znae sto go nateralo na takov cekor. Steta i zalno za deteto, za majkata i babata mozebi taka i zasluzile Pozdrav od Ace,Germanija
Од: Ljubo
Датум: 15.03.2009 14:19:00
epa izvinete malku ama imal brak vo ungarija taka????epa moze ne uspeal se otkazal toa e normalno na vooj svet neli???a so vlatka ako e vistina kako sto kazuvaat novinarite deka negovite kazuvaat deka vlatka go izneveruvala toa e los.spored mene covek razocaran od eden brak naoga licnost so koja ima dete i naednas pak vo depresija???tesko se izdrzuva toa mn tesko na dusman ne go pozeluvam samo sum siguren deka 90%od takvite slucai zavrsuvaat na vakov grozen nacin

Најди! во Утрински
Хроника
Нови кривични пријави за ланските избори
Запалени 1.000 рибарски мрежи
Хирург „оперирал“ осигурителни компании
Грк во притвор поради поткуп
Поднесени жалби за пресудата на Тодоровски
Паднала од мост и се удавила во река
Уапсен трговец со дрога