Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника
Хирург „оперирал“ осигурителни компании

Министерството за внатрешни работи поднесе уште една кривична пријава против познатиот хирург од Градската болница Ѕ.Н. (48). Според МВР, хирургот на девет лица што биле полесно повредени во сообраќајни несреќи им пишал тешки телесни повреди за да можат да извлечат милионски суми од осигурителните компании. Докторот Ѕ.Н. веќе неколку пати беше пријавуван за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластувањата, како и измами, за што беше казнуван од надлежните судови.

Делото за кое се товари хирургот во најновата пријава се случило во периодот од јули до ноември 2004 година. Имено, во болницата биле примени девет пациенти, кои се здобиле со полесни повреди во пет различни сообраќајки. Според МВР, тие намерно биле задржувани во болницата, а потоа добивале лекарско уверение дека имаат фрактури. Со овие документи, пациентите оделе во две осигурителни компании во Скопје и од нив наплатиле 4,8 милиони денари за отштета, тврди МВР. (Г.А.)


Статијата е прочитана 896 пати.

Испрати коментар

Од: aleksandar,nyc
Датум: 15.03.2009 05:36:32
zosto ne e vo pritvor,zosto e seuste na rabota ?samo cuda vo ovaa drzava
Од: mene
Датум: 15.03.2009 09:29:23
treba da pomine vreme za vakvi primaci na mito da se naucat da razmisluvaat razlicno. treba da mu se odzeme nostrifikacijata pa ke nauci brzo deka korupcija ne e pat za vleguvanje vo EU

Најди! во Утрински
Хроника
Почина четирикратниот убиец, за двегодишната ќерка ќе се грижи дедото
Нови кривични пријави за ланските избори
Запалени 1.000 рибарски мрежи
Грк во притвор поради поткуп
Поднесени жалби за пресудата на Тодоровски
Паднала од мост и се удавила во река
Уапсен трговец со дрога