Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника
Запалени 1.000 рибарски мрежи

ОХРИД - Езерската полиција во изминатите 12 месеци заплени околу 1.000 рибарски мрежи, над 2.000 блинкери и други средства што ги употребуваат рибокрадците, соопшти вчера во Охрид министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Според неа, езерската полиција ќе ги засилува ваквите активности со што ќе придонесе за заштита на рибниот фонд, враќањето на биолошката рамнотежа, а паралелно ќе ја обезбедува македонско-албанската државна граница низ езерото.

Одговарајќи на прашањето кога ќе биде обележана границата во езерото, Јанкуловска рече дека тоа не е обврска на нејзиното министерство, туку на Министерството за надворешни работи. Според неа, обележувањето ќе се реализира со подобрувањата на временските прилики, а во процесот ќе помогне и езерската полиција, зашто таа ја знае и ја чува езерската граница. (С.И.)


Статијата е прочитана 483 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Почина четирикратниот убиец, за двегодишната ќерка ќе се грижи дедото
Нови кривични пријави за ланските избори
Хирург „оперирал“ осигурителни компании
Грк во притвор поради поткуп
Поднесени жалби за пресудата на Тодоровски
Паднала од мост и се удавила во река
Уапсен трговец со дрога