Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Поднесени жалби за пресудата на Тодоровски

Истече рокот за поднесување жалби по пресудата што кон крајот на минатиот декември беше изречена за градоначалникот на Општина Аеродром, Кирил Тодоровски, и за четворица негови соработници. Според наши сознанија, сите тројца адвокати на градоначалникот поднеле жалба на првостепената пресуда со која градоначалникот Тодоровски беше осуден на затворска казна во траење од три години поради кривично дело примање поткуп.

Жалби на пресудата се очекува да бидат поднесени и од Сашо Стојчески, раководител на Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина, кој исто така беше осуден на казна затвор во траење од три години. Исто така, и од соработничката за односи со јавноста, Ангела Зафировска, која беше осудена на затворска казна во траење од една година.

Градоначалникот Кирил Тодоровски и неговите соработници се товареа и за злосторничко здружување, но во завршниот збор јавниот обвинител го повлече ова дело од обвинителниот акт. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 369 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Почина четирикратниот убиец, за двегодишната ќерка ќе се грижи дедото
Нови кривични пријави за ланските избори
Запалени 1.000 рибарски мрежи
Хирург „оперирал“ осигурителни компании
Грк во притвор поради поткуп
Паднала од мост и се удавила во река
Уапсен трговец со дрога