Апел до граѓаните да не ја нагрдуваат урбаната слика
Комуналната инспекција на Општина Аеродром заедно со сезонските работници постојано регистрира уништени кошници за отпадоци поради тоа што некои граѓани во нив ги оставаат кесите со ѓубре наместо да ги фрлат во контенјерите. Последниве денови таква појава е забележана на автобуската станица спроти ТЦ „Скопјанка“, каде што кошниците за отпадоци секојдевно се полни со домашно ѓубре. Со ваквиот нецивилизиран однос на дел од граѓаните, покрај нарушувањето на животната средина, се нагрдува и урбаната слика на општината. Општината Аеродром повторно апелира до своите граѓани да не го фрлаат домашното ѓубре во кошниците за отпадоци, ниту на кое било друго недозволено место, бидејќи за отпадоците од домашното ѓубре постојат контејнери кои ги празни и чисти ЈП „Комунална хигиена“. Граѓаните кои ќе бидат фатени на самото место како фрлаат смет во кошничките, ќе бидат казнети од Комуналната инспекција на општината. Исто така, со цел да се подобри животната средина и да се подигне културата, Општината ги повикува граѓаните, доколку забележат вакви појави, да ги пријават на телефоните 2 401-528 и 2 401-533 и на и-мејл адресите: aerodrom@aerodrom. gov.mk и odnosi.so.javnost @aerodrom.gov.mk. (Н.Б.) |