Ќе проработи фонтаната во паркот „Чаир“
Деновиве профункционира новата фонтана во паркот „Чаир“. Од два водоскока протече вода, а надлежните од Општина Чаир велат ова е пробно за да се види како работи системот пред официјално да биде предадена во употреба. Фонтаната е со широчина од 5 метри и има форма на кружен базен. Внатрешно е уредена со мозаик од сини керамички плочки, а за нејзината изградба од општинскиот буџет се издвоени околу 615 илјади денари. Градежните работи на фонтаната ги изведуваше фирмата „Адмирал“. Чаирчани сега ќе добијат попријатно место за одмор во жеските летни денови, а особено пензионерите и најмладите кои се најчестите посетители на Паркот Чаир. (Сн.К.) |