Во Црниче и во Пржино летово ќе се гради водоводна мрежа Ф 400
„Водовод и канализација“ ќе изгради нова водоводна мрежа од Ф-400, чиј капацитет ќе го реши водоснабдувањето на жителите од високата зона на Скопје. Слабиот притисок во летните месеци ќе стане минато и за населбите Црниче, Пржино. „Водовод“ веќе изготвува проект, кој наскоро ќе се најде и пред Советот на Градот, а ќе се реализира со пренамена на средства од инвестиционата програма на претпријатието за оваа година. Тоа претставува продолжение на проектот јужна висока зона до Трнодол. За оваа населба, како и за Козле и Жданец, веќе почнаа да се реализираат градежните зафати на новата мрежа, а инвеститор е Градот. Трасата до Трнодол е долга 400 метри и уште толку ќе биде до резервоарот на Барутана 2. Вредноста на проектот ќе изнесува околу 30 милиони денари“, вели Игор Арнаудов, директор на „Водовод и канализација“. (Сн.К.)
|