Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Се чека градежна дозвола за изградба на црквата „Свети Јован“ во Припор

Општинарите од Кисела Вода во последен момент констатирале дека локацијата се наоѓа на границата со Сопиште

Изградбата на црквата „Свети Јован“ во Припор, и покрај најавите, се' уште не е почната, иако камен-темелникот требаше да биде поставен пред два месеца. Општинарите од Кисела Вода објаснуваат дека најавениот проект доцни, бидејќи се' уште немаат обезбедено градежна дозвола за храмот.

„Во последен момент констатиравме дека зацртаната локација за изградба припаѓа на подрачјето на Општина Сопиште, таа речиси се наоѓа на границата со Кисела Вода. Утврдивме дека, сепак, одобрението за градба треба да ни го издаде соседната општина. Двајцата градоначалници неодамна се сретнаа и добивме ветување дека дозволата ќе ја добиеме најдоцна до крајот на месецов“, вели Тони Чупоски, одговорен за информирање во Кисела Вода.

Тој посочува дека не постои ниту една друга причина изградбата на црквата да се пролонгира. Проектот е готов, а одамна било решено и прашањето за финансирањето на изградбата. Општинарите не откриваат кој ќе биде донатор на верскиот храм, единствено велат дека станува збор за две големи приватни фирми, а делумно во покривањето на трошоците ќе учествува и Општината. Внатрешното уредување, пак, ќе се изврши со собрани донации од верниците.

Со оглед на непланираното одложување на почетокот на изградбата на црквата, автоматски се пробија и првичните рокови за нејзино осветување. Општинарите планираа таа да биде готова во септември, а до Нова година да заврши внатрешното уредување, по што би се одржал чинот на осветување. Инаку, од Општината информираат дека е при крај решавањето на имотноправните односи со земјиштето во Расадник, каде што, според Урбанистичкиот план, планирана е изградба на уште еден верски објект. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 125 пати.

Испрати коментар

Од: Gorco
Датум: 29.04.2008 08:52:03
lugje ve molam ako gradite bozji hram - gratede CRKVA - nemojte zaludno da gi trosite parite na mali crkvicki (sobcinja)...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Во Црниче и во Пржино летово ќе се гради водоводна мрежа Ф 400
Ќе проработи фонтаната во паркот „Чаир“
За полицијата, чувањето петел во урбана средина се третира како милениче
Апел до граѓаните да не ја нагрдуваат урбаната слика