Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Скромно напредуваме против корупцијата

„Транспаренси интернешенел“ ја рангира Македонија на 62. место со постигнат резултат од 4,1 на скала од 0 (многу корумпирани земји) до 10 (чисти од корупција)

Катица Чангова

Со скок од девет места нагоре Македонија ја подобрила битката со корупцијата, која се дефинира како злоупотреба на доверената моќ. Но, постигнатиот резултат, сепак, зборува за мошне скромен напредок на тој план. Водечката светска организација „Транспаренси интернешенел“, која го мери индексот за перцепција на корупцијата вчера објави дека во конкуренција на 178 држави, Македонија годинава ја освои 62 позиција, наспроти 71 на која беше лани и дека се наоѓа на исто рамниште кое го постигнала Хрватска. Што се однесува до резултатот од 4,1 индексни поени кој укажува на перцепираното ниво на корупција во јавниот сектор во земјата, станува збор за подобрување од минимални 0,3 бодови од постигнатите 3,8 колку што ги имавме во 2009 година.

Повисоката позиција не значи дека Македонија е за пофалба и дека треба да слави доколку се има предвид дека земјите со помалку од 5 поени „Транспаренси интернешенел“ ги смета за многу корумпирани. Државите се оценуваат со скала од нула (многу корумпирани) до 10 (многу чисти од корупција).

„Ако подобрувањето се одвива со ова темпо, тогаш ни требаат уште неколку години за да го поминеме прагот од пет поени. Има уште многу работа за да се постигне подобра состојба во перцепцијата“, оцени вчера на прес-конференција Слаѓана Тасева, претседател на „Транспарентност нулта корупција“. Притоа изнесе податок дека во три четвртини од вкупно 178 држави опфатени со истражувањето индексот на перцепција на корупцијата е понизок од пет. „Големиот број држави кои имаат сериозни проблеми со високата изложеност на корупција покажува дека декларативните заложби не даваат резултати и дека е потребно вградување антикорупциски мерки“, нагласи Тасева. Таа најави дека следната година „Транспаренси“ ќе подготви извештај со пореален приказ на корупцијата, а не на нејзината перцепција за што оваа организација веќе почнала преиспитување на методологијата.

Во вчера објавениот извештај, Македонија е во групата на земји кои бележат значително подобрување за разлика од 2009 година, заедно со Бутан, Чиле, Еквадор, Гамбија, Хаити, Јамајка, Кувајт и Катар. Значително опаѓање на индексот на перцепција на корупцијата е констатиран кај Грција, Унгарија, Чешка, Италија, Мадагаскар, Нигерија и САД.   

„Македонија годинава спаѓа во групата на земји кои забележаа значително подобрување на индексот на перцепцијата, иако не треба да се користи за споредба на државите како се движат на скалата во одредени години во низа. Понекогаш може да се случат поместувања нагоре или надолу што зависи од новите држави и новите методологии. Важно е да се следи висината на индексот“, појасни Тасева.

Според неа, во досегашните десет рангирања Македонија постојано бележи подобрување во индексот на перцепција. Најнискиот резултат за Македонија беше забележан во 2003 година, со резултатот 2,3 поени и 106 позиција. Три години по ред, 2004, 2005 и 2006 нашата земја беше на различно место, 97, 103 и 105 а со ист резултат 2,7 поени. Во 2007 е постигнат резултат од 3,3 поени на 84 позиција, а во 2008 3,6 на 72 место.

Од земјите во поранешна Југославија од нас подобра е само Словенија која го зазема високото 27 место со 6,4 поени, а од државите во регионот е Турција на 56 место со 4,4 поени.

Зад Македонија се сите балкански држави - Црна Гора на 69, Бугарија на 73, Србија и Грција се на 78, Албанија на 87, Босна и Херцеговина на 91 и Косово кое е првпат вклучено во истражувањето на „Транспаренси“ е на 110 место.

Според насоките кои ги дава меѓународната организација, корупцијата може да се спречи со добро судство, независна ревизија, контрола на парламентите, со независни медиуми и со енергичен граѓански сектор.

На врвот најмалку корумпирани земји и годинава иста слика - Нов Зеланд, Данска, Шведска, Сингапур и Финска. Станува збор за држави со политичка стабилност и солидно воспоставени регулативи за конфликтот на интереси. На дното од табелата се Сомалија, Авганистан, Мјанмар, Ирак и Судан - земји со долготрајни конфликти во кои управувањето е нарушено.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вчера, на прес-конференција изрази задоволство од извештајот на „Транспаренси интернешенел“. „Борбата против организираниот криминал и корупцијата е еден од врвните приоритети на Владата. Македонија четврта година по ред е позитивно оценета за мерките кои ги презема во оваа област и напредува во рангирањето. Од срамното 105. место во 2006 година со исклучителни напори и посветеност во работата успеавме да се искачиме за цели 43 места погоре на листата-земји“, изјави Јанкулоска.

„Има уште многу работа за да се постигне подобра состојба во перцепцијата на корупцијата“, оцени Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспарентност нулта корупција“


#
Статијата е прочитана 408 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.10.2010 12:25:35
Скромно,нескромно важно напредуваме од 106 место кога владеше опозицијата 2003 год стигнавме на 62 место.Нешто се придвижува за разлика од порано.Доволно е да се погледа од 2004 до 2006 год. па да видиме да има напредок ама во обратен смер,кон зголемување на корупцијата.Па после се чуди опозицијата зошто народот не им верува и ги сместува во последната клупа.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 27.10.2010 19:58:22
„Чекориме“... кон Амбисот!

Најди! во Утрински
Политика
Експерти ќе ги вештачат кодошките досиеја
Исправка
Болните во минус
СДСМ
На болните на клиниките ќе им пее оџа
Иванов ќе го проверува Црвенковски






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker