Седум макроа ги малтретирале девојчињата, а шеф им бил полицаец од обезбедувањето на амбасадите
Седумчлена група четири дена сексуално малтретирала две малолетни девојчиња, кои биле продавани на клиенти во Гостивар за сума од 2.000 до 8.000 денари. Организатор на групата е полицаец, по потекло од Велес, кој работел како надворешно обезбедување на дипломатско-конзуларните претставништва во земјава. Кошмарот на девојчињата, кои се на возраст од 16 и 17 години, започнал минатата недела кога биле намамени од таксист и потоа вплеткани во мрежата на трговија со малолетнички. Насилниците ги принудувале да се проституираат со денови за цена од 2.000 до 8.000 денари.
Малтретирањето завршило кога еден од клиентите дознал дека девојчињата се малолетни, по што им го дал телефонот за да се јават дома. Таткото на една од злоупотребуваните малолетнички го пријавил случајот во полиција. Надлежните поднесоа кривични пријави против нив, а истражен судија им одреди притвор. Еден од групата е во бегство.
„Поднесени се кривични пријави против С.И. од Велес, С.А. од Копер, Словенија, С.Ј. од Гостивар, В.Б. од Велес, К.Е. , Б.В. и Т.Ѓ. од Гостивар, осомничени за „трговија со малолетно лице“ и „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, со малолетно лице и шверцување мигранти“, информираат од МВР.
Кошмарот на двете малолетнички започнал на 22 април годинава, кога таксистот со кој се познавале, со „поло класик“ со велешки регистарски ознаки, место да ги донесе дома од село Лозово, ги однел во Скопје. Тука ги предал на полицаецот С.И., кој ја организирал групата.
„Тој веднаш почнал вербално да им се заканува, велејќи им: „Вие сега ќе работите за мене, бидејќи ми требаат пари“, а потоа им ги одзел мобилните телефони и физички ги нападнал“, вели Котевски. Потоа со соработниците од групата се сретнале во близина на словенечката амбасада, каде што се договориле девојките да ги префрлат во Гостивар, каде што ги сместиле во хотел.
Според Котевски, девојчињата биле однесени во Гостивар и сместени во хотел. Насилниците во наредните денови почнале да ги принудуваат девојчињата да даваат сексуални услуги во еден бар во градот. За тоа наплатувале од 2.000 до 8.000 денари. Пред три дена тие биле однесени во викендичка во мавровското село, каде што ги чекал клиент.
„Откако клиентот дознал дека девојките се малолетни, побарал од еден од групата да дојде да ги земе за да ги врати дома. Во меѓувреме, на една од девојките и' овозможил да се јави дома кај татко и'“, објаснува тој.
Подоцна од истиот телефон на таткото му биле упатувани закани дека треба да плати 20 илјади евра доколку сака да му ја вратат ќерка му. Таткото го пријавил случајот, по што веднаш биле организирани и преземени мерки и околу 22,15 часот дел од групата биле уапсени. Еден од нив се' уште е во бегство.
Полицаецот што ја организирал групата бил вработен во МВР во 2002 година, во тогашната единица „Лавови“. Последниве години работел во Одделот за посебни единици за надворешно обезбедување на дипломатско-конзуларните претставништва. (Д.Т.)
Бара ли МВР психолошки тестови кога вработува полицајци или с'е е само фарса? По вработувањето барем уште двапати годишно треба секој од нив да се тестира детално. Става ли МВР оценки за работата на полицајците врз основа на извештаи од колеги, претпоставени и од локалното население? Сигурна сум дека тој полицаец кој со години работел во МВР и другпат ги пројавувал своите неморални и ненормални афинитети во своето однесување на работа - не е можно тој човек одеднаш да станал најдолен криминалец.
Од: sss
Датум: 29.04.2010 00:38:41
vo MK narodot moze da se podeli na 3 grupi ,1 grupa najgolema i najopassna se lopovite (milicia ,carina ,i tie vo koja bilo funkcija vo vlasta , 2 grupa prosta i ispolitizirana masa ,koja se deli na patrioti i predavnici ,no ne e opasna ,i 3 grupa i najmalobrojna se cesni luge koi ziveat i edvaj prezivuvaat od 1 do 1 vi.Ovie lopovistava treba da se brisat od sekojdnevniot zivot ,zosto tie go unistuvaat zivotot na svoite sogragani ,a za ovaa grupa kriminalci besilka na plostad ,takvi manijaci uste gi stavav milicioneri
Од: Slika i prilika
Датум: 29.04.2010 01:34:28
Eve kakvi nasilnici i kriminalci bea vrabotuvani vo MVR od poranesnite t.n. "Lavovi". Pa duri bil angaziraran vo oddelot za posebni edinici z obezbeduvanje na diplomatsko- konzularni prestavnistva. Jankuloska razbudise od dlabokiot son i vidi ja stvarnosta!
Од: kiro USA
Датум: 29.04.2010 02:53:51
Ostavka na Jankulovska !!!!!!!
Од: realen-dubai
Датум: 29.04.2010 06:01:24
do koga be luge (neluge), lugeto zamesani vo slucajot (makroata) nesmeat da disat poveke, treba da se usmrtat sto pobrzo zatoa sto pak ke se poftori deloto.
da se nagradi cesniot sto im pomognal na devojcinjata da se izvlecat od situacijata.
Од: покахонтас
Датум: 29.04.2010 06:41:07
како што може да се види од фотографиите, при приведувањето на наведените, нема специјалци со маски и автоматски пушки, како што беше случајот со докторите од акцијата „метастаза“ ... иако овде се работи за поопасни криминалци кои поседуваат оружје и тоа легално...
Од: митко
Датум: 29.04.2010 08:02:54
Во Југославија се знаеше кој може да биде полицаец,лице со чисто досие.А сега може секој.И писмени и неписмени,и поштени луѓе и криминалци,и терористи и по некој бранител.Срамота за една толку осетлива институција.
Од: od mene
Датум: 29.04.2010 09:34:14
znaci vaka: koga se apsat policajci na granicni premini demek za potkup ili postrasno zlostornicko zdruzuvanje ,patarinari i doktori - specijalisti se apsat so specialci i spektakularni apsenja. a koga se apsat stvarno opasni luge obini policajci , epa nemozam da poveruvam tolku li mvr ne e svesno deka apsenjeto doktori e samo spektakal za javnosta.veke se ni e jasno i nemozat preku mediumite da ne zalazuvaat eve nie rabotime , porabotete malku na vistinskite kriminalci,i ne se falete deka policaec bil makro tuku zasramete se toa e vas propust
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.04.2010 09:42:27
„Полицаецот С.И.“!?!? Интересно! Дали се работи за Малолетен деликвент,или за „наше“дете?!Пред само неколку дена доктори беа приведувани и апсени со Полно име и презиме,со помош на Специјални Полициски сили!Полицајците носеа Панцири(!?),џиповите-заштитени,секој присутен можеше да помисли дека започнала Војна со до заби вооружената мафија,или со нова „вооружена група „правдољубиви“ граѓани“,но во случајот со С.И. изостанаа Филмските камери.Докторите биле дел од „организирана криминална група“!Трговците со бело робје,силувачите,дилерите на дрога... ма,за нив,треба да се почитува правото на презумпција на невиност и заштита на името!Во портоколадната ЕПП Земја на Чудата Сè е наопаку,но така изгледа исклучиво гледано Однадвор!Кога ќе влезете во неа,работите си доаѓаат на своето место и сè изгледа потполно нормално!
Од: од мене
Датум: 29.04.2010 10:03:00
ништо не ми е јасно! Како родителите на тие девојчиња 4 дена не пријавиле дека им ги нема децата?? Како тоа нигде не беше објавено дека две девојки се исчезнати? Многу нејаснотии во се ова.....
Од: Bravo
Датум: 29.04.2010 10:03:50
Ostavka na Ministerot za Vnatresni raboti, i voveduvane na smrtna kazna (se smeam) na dozivoten zatvot.....
Од: `itatelka
Датум: 29.04.2010 10:36:55
najstroga kazna na so lice toa policija samo gi kaznuva drugite i dava soveti a site gluposti krazbi droga i kako vo slucajot gi pravat oniiii
Од: london
Датум: 29.04.2010 11:01:46
ne mi s everuva deka ova e mozno. Kkavi luge se vo policija i ovei lie ke stavaat red. Za greota se devojcinjata. strasno i sramotra.
Ne ne biva za drzava - masa od nepismeni korumpiranj idioti
Од: перо
Датум: 29.04.2010 11:21:32
македонија станува не безбедно место за живеење. имам едно детенце и на пат уште едно и морам да признаам дека во мене е се поприсутна идеата да ја напуштам македонија. не верувам во приказните за патриотизам. љубовта конз емјата се искажува со градење на цврста држава, јаки институции, добар образовен систем, сигурност за граѓаните. ова не е земјата во која јас сакам да живеам!!!!!
Од: citatel
Датум: 29.04.2010 11:36:28
neka im go dadat policaecot na roditelite pa oni da go osudat pravilno ke bide....
Од: Stole
Датум: 29.04.2010 11:46:13
E zosto se krijat iminjata i preziminjata na storitelite?
Taa praktika treba da se otstrani i konecno javnosta
da ima pretstava za koj se raboti. Nesto se krie zad tie inicijali i toa e bolna rabota. Ako javnosta znae
poveke, togas poveke ke bide budna da se fatat zlostornicite. Vo Utrinski i nasekade(TV, Radio itn) treba da se
propagira telefonskiot broj na onie organi na progonot koi se najitni i najnadlezni. Krajno vreme e i javnosta da se ukluci po anonimen pat.
Од: zoran nikolov
Датум: 29.04.2010 13:27:19
shto da se kazze! ova e sramota za nas poshtenite policajci.vakvite lica koj vlegoa vo policijata od lavovite se sramota za cela makedonija.tia ni go izvalkaa obrazot a gi ima ushte mnogu takvi veruvajte mi. jas sew zgrozuvam koga ke pojdam na rabota ne mi se raboti iskreno vi velam ne mozeme da se borima so kriminalot koga se tie megunas strashna rabota eden pozdrav do MVR i gi molam da vidat vo dosijeata prvo pa potoa da gi postavuvaat na rakovodni i odgovorni mesta,ovie lavovite! zzalosno ve molam jas se izvinuvam pred seta makedonska javnost za vakvite lica i treba da se zatvorat za cel zzivot.zgrozen sum
Од: vistina
Датум: 29.04.2010 15:22:45
Kriminalci e lesen zbor za policajcite primeni posle vojnata. Ovoj S.I. za da se vidi so covek e treba da mu se pogledne vo negovata potesna i posiroka familija. Kriminalec do krimnialec osobeno vujko mu koj uste vo SFRJ si lezese cel zivot po zatvori za teski i vooruzeni krazbi. On, pak so sudni maki uspea da zavrsi 4 odd i stana policaec. Devojcinjata ne treba da ve cudi so ne gi barale roditelite koga kolku sto znam na ednoto roditelite i se razvedeni pa moze da se pretpostavuva deka grizata od stranata na roditelite ne e bas na zavidno nivo. Vie sea mislete i komentirajte koi visoki kriteriumi se potrebni da stanes policaec :)))
Од: Karokan-gambit
Датум: 29.04.2010 16:30:26
Ова група што г-дин Бошковски ги промовира,а добар дел од јавноста и ги прифати како единствени бранители (формирани 2-3 месеци пред завршувањето на конфликтот),беше првиот одбранбен фронт на Георгиевски и Груевски
по губењето на власта 2002 год..Веројатно се
сеќавате дека кренаа оружје на редовната-легална полиција ,портпаролски подржувани
од актерот Тони Михајловски.
Поради зголемената тензичност,дел од нив (најобразованите и најквалитетни),без дополнителни критериуми беа примено во полицијата.За каков квалитет се работи гледаме и сами.Потполно е во право полицаецот
Николов и веројатно кога би имало доволно
простор би кажал уште многу и многу.
Ете тоа е начинот како се растура,а не гради
еден сегмент-полицискиот во државата!!!!!!!!
Такви работи имавме и досега подоста,такви
имаме сега и ќе ги имаме во иднина.
Веројатно некој ни е виновен однадвот???????
Од: vaci
Датум: 29.04.2010 17:27:00
koga mojot tatko bese policaec imase ulicni policajci(pozornikari),se druzea so narodot i mnogu brgu gi naogaa prestapnicite.No toj nikogas ne smeese da zapali cigara na javno mesto ili da stavi raka vo djep ili da pie alkohol na javni mesta ,Uniformata mu bese sekogas brich ispeglana od strana na majkami,i site drugi policajci bea takvi kako nego, neka mu e leka zemjata se gordeam sto go imav.I mojot sin konkurirase na fakultet za bezbednost ,od prvo do sredno imase samo edna cetvorka na kompjuter raboti kako od shala , angliski go vladee isto kako makedonskiot 1,90 e visok no ne go primija poradi slabi rezultati na fiskultura (kobajagi).sEGA E NA iNFORMATIKA VONREDEN STUDENT.
Од: poz ot GETEBORG
Датум: 29.04.2010 17:29:23
ovakvite ljuge trba javno da se prikazat pred cela javnos,na REPUBLIKA MAKEDONIJA ,i ova e eden golem sram za nasta drzava,lice vraboteno vo mvr,ove e najgolem ZLOCIN sto moze da postoi vo covecvoto,