Шест кривични пријави за семејно насилство Од почетокот на годинава, во Гостиварско се поднесени шест кривични пријави за семејно насилство против четворица сопрузи и по еден син и брат. Исто така, поднесени се и барања за поведување прекршочна постапка за полесни случаи на семејно насилство, а биле примени и 12 поплаки, кои завршиле со усно и писмено предупредување на насилниците. Според СВР Тетово, во шестте потешки случаи и во полесните, доминантна причина за насилството се психичките растројства, надополнети и со разни пороци, пред се', алкохолот. (К.К.)
pogresna vi e informacijata,utka ste napravile.obid za ubistvo bilo a i sefot na gostivarskata policija raboti kako toa da e negova privatka firma-ziva mizerija