Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Убиено момче во расправија за мобилен телефон

Кобна расправија во Интернет-кафе во Гази Баба заврши трагично за 22-годишниот Фатмир Мемети

Расправија за мобилен телефон заврши кобно во Интернет-кафуле во скопската населба Гази Баба. Дваесет и двегодишниот Фатмир Мемети бил смртоносно избоден со нож од Бајрам Џ. при расправија што настанала во кафето „Пижо“ на улицата „Ордан Чопела“.

Интернет-кафето во Гази Баба вчера претпладне беше затворено и пусто. Само неколку часа претходно, во раните утрински часови, се случила навидум наивна расправија која завршила трагично. Според неофицијални информации, претходно Мемети и Бајрам Џ. биле во некоја чајџилница, по што заминале во кафето, каде што останале до доцна во ноќта. Очевидци велат дека во еден момент настанала расправија околу мобилен телефон, по што четириесет и двегодишниот Бајрам извадил нож и го расекол момчето на левата страна на грбот, под плешката. Овој убод бил фатален за младиот Мемети.

Неговите пријатели веднаш го пренеле во Градската болница во Скопје, но било предоцна. Лекарите само ја констатирале смртта на момчето. Неговото тело е предадено на обдукција. Полицијата го привела Бајрам и се работи на расчистување на случајот.

„Веднаш по убиството, осомничениот избегал, но по пријавувањето на случајот, ’алфите‘ го  пронајдоа и го приведоа“, вели помошник-министерот за информирање во МВР, Иво Котевски.

На местото на убиството е пронајден ножот, кој е предаден на вештачење, со цел да се утврди дали со него е извршен грозоморниот чин. По целосно комплетирање на случајот, против осомничениот скопјанец ќе биде поднесена кривична пријава.

Во домот на младиот Мемети, кој се наоѓа на педесетина метри од Интернет-кафулето каде што се случил трагичниот настан, вчера владееше траорна и напната атмосфера. Насобраните роднини и пријатели на семејството не сакаа за зборуваат за немилиот настан. Некои од нив раскажуваат дека убиеното момче деновиве очекувало да го добие својот нов пасош за да замине во странство, каде што требало да игра фудбал. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1198 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Хроника
Шест кривични пријави за семејно насилство
Нападнат вработен во коцкарница
Полицаец принудувал две девојчиња на проституција
Ограбувачот на казиното „оперирал“ и во бензиски пумпи