Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Ограбувачот на казиното „оперирал“ и во бензиски пумпи

Охриѓанецот што го ограби казино-клубот „Сенатор“ е во притвор

Охриѓанецот А.Д. (30), кој по извршено разбојништво во казино-клубот „Сенатор“ во Скопје беше уапсен од полицијата, од завчера е на издржување на мерката притвор што му беше изречена за две кривични дела. Тој се товари за разбојништво и за неовластено поседување огнено оружје.

Настанот за кој А.Д. ќе треба кривично да одговара се случи во вторникот наутро кога тој го ограбил казино-клубот „Сенатор“, лоциран на булеварот „Партизански одреди“, но, како што сега стојат работите, полицијата работи на документирање на уште две други разбојништва, што се случија во јануари и март оваа година.

Полициските „алфи“ го привеле охриѓанец само кратко по неговото напуштање на казиното каде, околу 4 часот, влегол вооружен со пиштол. Осомничениот им се заканил на вработените, а откако зел 120.480 денари, во различни апоени, го напуштил локалот. По пријавувањето на настанот А.Д. бил лоциран на улицата „Љубљанска“, каде што и бил фатен. Украдените пари полицијата ги нашла кај него, а му бил одземен и пиштолот „берета“ со четири куршуми.

Полициската истрага, подоцна, открила дека приведениот стои зад грабежот на бензинската пумпа на „Макпетрол“, на улицата „Илинденска“. На 1 јануари оваа година, во 1 часот, тој ја ограбил бензинската пумпа. Маскиран со црна капа на главата и со отвори за очите, ограбувачот бил вооружен, а под закана животите на вработените, со себе однел 191.354 денари. На истата бензинска пумпа, според МВР, тој се вратил и на 11 март, а во идентично изведеното разбојништво одзел близу 128.000 денари.

Од МВР потврдуваат дека осомничениот минува низ полициската крим- евиденција како сторител на слични кривични дела за кои и бил осудуван на повеќегодишни затворски казни. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 532 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Шест кривични пријави за семејно насилство
Нападнат вработен во коцкарница
Полицаец принудувал две девојчиња на проституција
Убиено момче во расправија за мобилен телефон