|
|
|
|
|
|
Претстава од Тирана најдобра на „Албански театар во Македонија“
„Отстрани го министерот од приклучок“ во режија на Арбен Јакалари и во изведба на Метрополитен театарот од Тирана, е прогласена за најдобра претстава на десеттото издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“ што заврши прексиноќа во Дебар со доделување на наградите. Во изминатите седум дена се натпреваруваа десет претстави. Стручното жири одлучи наградат�� за режија да ја делат режисерките Аделина Муча од театарот „Александер Моисиу“ од Драч за претставата „Романтика на денот на злосторството“ и Елмазе Нура од театарот „Додона“ од Приштина за претставата „Парфимерија“.
За најдобро актерско остварување награди добија Алфред Требицка од Театарот за академија и уметност од Тирана и Дрита Красниќи од Националниот театар од Приштина. Наградата од публиката и припадна на претставата „Маратонците го трчаат последниот круг“ во режија на Кирил Петревскина и изведба на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
Наградата за животно дело, која се доделува првпат, му беше врачена на Ахмед Јакупи, режисер од Скопје и еден од основачите на фестивалот. |
#
|
Статијата е прочитана 339 пати.
|
|
|
|
|
|
|