Канал 103 прогласи „Слободна зона“
Својот инспиративен полет по повод дваесетгодишнината од независното опстојување низ радискиот простор, Канал 103 го искористи за организирање уште една концертна акција. Стотројкашите во понеделникот кај споменикот на бронзените гемиџии покрај кејот на Вардар прогласија „103 слободна зона“ - ново креативно музичко соединување. Извор на прогресивни граѓ��нски мисли и пораки.
Стотици граѓани го окупираа просторот покрај Камениот мост и беа дел од концертните настапи на свежиот хардкор-панк бенд „Харт строук“, тричлениот состав „Хахаха“, но и уште една расна свирка на инди-панк бунтовниците „Бернаис пропаганда“. Со експлозивни ритми, антиглобалистички и политички импулс, Катерина Горовска, Васко Атанасовски, Џано Куч и Ненад Трифуновски им подарија на присутните идеален музичко-психолошки пакет-аранжман за отворање совест и подлога за добра забава. Во приквечерината на просторот до плоштадот „Македонија“ ечеше искрена младинска енергија. Пораката сосема јасна: „Слободни докрај“. (Б.Ш.) |