Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Комитите и калинките предизвик за македонистите

Претставен добитникот на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, Душко Родев, на Семинарот за македонски јазик во Охрид

Невена Поповска

Илинденскиот период и калинките се покажаа како мошне интересни за годинашните учесници на Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Имено, ��а средбата што ја имаа со Душко Родев, годинашниот лауреат на најпрестижната литературна награда што се доделува во земјава, „Роман на годината“ на „Утрински весник“, со големо внимание го следеа излагањето на авторот во кое проговори за инспирацијата и восхитот кон самопожртвуваноста на македонските војводи за кои пишува во наградениот роман „Човекот што ги сакаше калинките“, издание на „Македонска реч“. Станува збор за сугестивен историски роман од времето на илинденскиот период, посветен на тревожната автентична приказна на војводата Крсто Асенов, раководител на кукушката чета и неговата љубов и брак со Ана Малешевска, учителка, и самата борец во четата. Врската меѓу тие два лика, изложена на скриени неодобрувања, завист и интриги од соборците, ќе стане повод за револуционерната осуда и за стрелањето на главниот јунак од припадниците на сопственото движење. Етичките дилеми искажани врз фонот на илинденската епопеја добиваат созвучја кои лесно можат да бидат препознаени и во нашиот современ свет.

Со оглед на фактот дека македонистите не го читале романот, кусиот час по историја претставуваше вистинско задоволство, но истовремено покажаа интересирање за тоа зошто калинката за Родев е симбол на Македонија. А тој како што еднаш веќе изјави им објасни: „До овој наслов дојдов спонтано. Тука изгледа ми помогна моето новинарско искуство кога набрзина требаше да напишам некоја репортажа, со некој - по можност необичен и ефектен - наслов. ’Човекот што ги сакаше калинките‘... Се сеќавам, еднаш се видовме со поетот Љубиша Ташковски... дури и сега, кога го спомнувам неговото име, се насмевнувам, зашто ја гледам неговата насмевка. Секогаш кога ќе се видовме - истата насмевка. Тој тогаш, на таа средба, во Струмица, ги спомна калинките. И Југот. Беше вљубен во Македонија. И јас - исто. ’Човекот што ги сакаше калинките‘. За мене калинката е симбол на Македонија.“

Сите досега наградени романи на конкурсот на „Утрински“ доживеаја повеќе изданија и добија домашни и меѓународни награди. Ова се однесува на сите автори и на оние што се веќе афирмирани, а оние непознатите доживеаја дополнителна афирмација. Секој награден роман, пак, имаше свој живот. По некои од нив се снимаа филмови, се поставуваа драми, непрекинато течат нивните изданија. Ова и за нас како Редакција претставува признание и за етаблирањето на „Утрински весник“ во високопрофесионален дневен весник и со високи етички стандарди кој се' повеќе својот дополнителен имиџ го бара во културата и во творештвото. И романот „Човекот што ги сакаше калинките“ од годинашниот лауреат Душко Родев веќе го наоѓа патот до читателите и набргу ќе доживее второ издание, бидејќи примероците од првото издание се веќе продадени.

На Семинарот за македонски јазик, литература и култура „Утрински весник“ уште еднаш организираше празник на книгата и со тоа ја потврди својата заложба да биде активен чинител во културниот живот на земјата, еден од креаторите на културната политика, а не само вообичаен проследувач на настаните.


#
Статијата е прочитана 648 пати.

Испрати коментар

Од: BgMak
Датум: 06.07.2011 00:26:28
Само за информациja: Kръсто Асенов е бугарски офицер, роден во Сливен -на 100 километри од Бургас и 600 километри од Македонија. Братов син е на бугарскиот национален херој Хаџи Димитар.Не знам каква врска има тоj со македонизмот

Најди! во Утрински
Култура
Не сакам да шетам наоколу преправен
И Гари Купер на „Полски плакат“
Ресул Шабани го доби највисокото признание на фестивал во Корча
Канал 103 прогласи „Слободна зона“
Хор од Франција и театарска претстава на „Скопско лето“
Претстава од Тирана најдобра на „Албански театар во Македонија“

"""