Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Нимиц смета дека не е време за конечен предлог

Грчкиот министер Димитрис Друцас тврди дека Груевски одбегна средба со Папандреу

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Не е време за конечен предлог за името, порача медијаторот Метју Нимиц по средбата со грчкиот шеф на дипломатијата, Димитрос Друцас, во Њујорк. Според грчките медиуми, тој е задоволен од подобрувањето на комуникацијата меѓу Македонија и Грција, но искуството го тера да биде внимателен.

„Дијалогот меѓу двајцата премиери и односите меѓу двете земји сега се на друго ниво за разлика од пред неколку години. Изминатите години дадов серија предлози, но досега не најдовме некој што е прифатлив за двете страни. Новиот предлог мора да биде подготвен многу внимателно, бидејќи имаме многу работи на маса, кои двете страни треба да ги земат предвид и да ги разгледаат“, рече Нимиц.

Според медиумите, Нимиц е загрижен поради недоаѓањето на македонскиот премиер Никола Груевски во Њујорк на Генералното собрание на ОН и на Милениумскиот самит. Со тон „така и претпоставувавме дека ќе биде“, критика за отсуството на Груевски упати и Друцас, подвлекувајќи дека официјална Атина покажува политичка волја за наоѓање решение, но очекува македонската Влада да излезе во пресрет за да се најде заеднички прифатлив компромис. За жал, рече Друцас, не се гледа придвижување од другата страна, а со тоа се намалуваат шансите за развој во спорот околу името во текот на следните денови за време на Генералното собрание во ОН. „Индикативно е тоа што до овој моменти премиерот Груевски одбра да не биде присутен во Њујорк, за време на Генералното собрание, иако имаше реална шанса за директна средба и разговор со премиерот Јоргос Папандреу“, подвлече шефот на грчката дипломатија.

На Нимиц Друцас му порача дека „ грчките позиции се добро познати, јасни, конзистентни и чесни“, и оти грчката влада има политичка волја за решение во рамките на познатата црвена линија, односно име со географска одредница за општа употреба. Димитрис Друцас потсети дека грчката влада се' уште чека од официјално Скопје на конструктивен начин и со конструктивен дух да дојде на преговарачката маса во рамките на ОН и да одговори на поканата на Атина за побрзо решавање на проблемот за името.

На новинарско прашање дали степенот на доверба меѓу двете држави е доволно силен за да се најде решение до ноември или до декември, Нимиц одговори дека со дијалог може да се напредува, но дека не поставува временски рокови, бидејќи не им помагаат на преговорите, туку само создаваат лажни очекувања.

Во анализа на проблемот со името вчерашен „Катимерини“ коментира дека двете држави не се блиску до решение, пред се', поради длабоката убеденост на премиерот Груевски во идеологијата на македонизмот. Според весникот ,Груевски би уништил уште една шанса за решение и компромис, иако проблемот со името го кочи приемот на државата во ЕУ и во НАТО. Вашингтон, кој би можел да влијае на Груевски, не го прави тоа, а Груевски не се поместува од позициите во очекување на позитивна одлука од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Меѓутоа, како што стои во анализата, притисок од Вашингтон на Скопје само ќе доведе до референдум за конечниот предлог за името. „Отфрлањето кој било компромисен предлог од страна на истомислениците на премиерот ќе формира црвена линија и ќе го заштити Груевски од натамошни притисоци. Меѓутоа, референдумот е нож со две острици. Атина требаше веќе да биде предупредена дека доколку договорот за името биде ставен на референдум во БЈРМ, тогаш ќе има рефенредум за него и во Атина. Ова, практично, значи дека БЈРМ ќе остане надвор од НАТО и од ЕУ“, се заклучува во анализата на „Катимерини“.

Според весникот, двете страни се под голем притисок од САД, а како можно решение повторно се шпекулира со предлогот „Вардарска Македонија“ за меѓународна употреба. На Атина, наводно, и' се ветува дека името ќе го признаат и ќе го користат САД, Франција и, веројатно, останатите членки на Советот за безбедност во билатералните односи со Македонија. Сепак, како што се вели во текстот, доколку владата на Папандреу се откаже од севкупна употреба на новото име, а СБ ги повика со резолуција членките на ОН да го користат новото име во билатерални односи со Македонија, проблемот нема да биде целосно решен, бидејќи овој повик можеби нема да биде обврзувачки. „Славомакедонците ќе направат секаков можен дипломатски напор за да не се користи новото име во билатерални односи со другите држави. Атина ќе биде принудена постојано да ги брка, бидејќи цели кон спротивното. Скопје ќе продолжи да се пријавува на сите меѓународни настани под името „Македонија“ и фрустрациите со името ќе продолжат. Со други зборови, Грција ќе биде заглавена во Сизифовска работа, трошејќи голем и важен дипломатски капитал“, пишува „Катимерини“. Единствениот начин да се избегне таков развој на настаните е или да се најде ново име или, пак, македонскиот Устав да се приспособи на таков начин што името на државата ќе мора да се користи за меѓународна употреба.








#
Статијата е прочитана 519 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Втора страница
Вербална војна меѓу Скопје и Атина
Чарлс Капчан
Ги слуша ли полицијата апелите на ИВЗ?
Учебници од СФРЈ
Вербатим
Ја продал куќата за операција на детето



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing