Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Вербална војна меѓу Скопје и Атина

Место да преговараат во Њујорк, македонските и грчките функционери вчера жестоко се препукуваа

Тонот меѓу Македонија и Грција видливо се заострува правејќи ги најавите беспредметни дека Генералното собрание на ОН ќе биде местото каде што ќе биде можна разврска на спорот за името. Место да се среќаваат и да преговараат, македонските и грчките функционери веќе два дена се препукуваат, при што Атина тврди дека премиерот Никола Груевски одбегнува средба во ОН, а Скопје дека надежите што ги ширела новата Влада на Јоргос Папандреу се лажни, бидејќи позициите со кои излегле во Њујорк се крајно радикални.

„Тоа е големо разочарување за сите нас и не оди во правец на конструктивно работење за изнаоѓање решение“, беше вчерашниот коментар на Груевски. Повторувањето на позицијата за ерга омнес, односно за име со географска одредница за севкупна употреба, ако е потребно и со промената на Уставот, според премиерот, покажува дека нема поместување кај грчката страна.

„Таквите изјави демантираат многу луѓе во Македонија, кои во повеќе наврати велеа дека Грција била флексибилна, а Македонија не“, оцени тој, додавајќи дека останува оптимист оти е можно решение, но дека оптимизмот не е доволен, туку е потребна конструктивност и од другата страна.

„Не знам колку ваквите ставови се во правец на подобрување на нивните позиции пред локалните избори. Тоа времето ќе го покаже. Но, ако навистина стојат на таквите позиции, тоа не е конструктивен став и нема да помогне за надминување на спорот. Ако навистина Грција опстојува на тој став, а се чини дека опстојува бидејќи по којзнае кој пат го повторува, тоа покажува нешто друго во однос на она што го декларираат, иако многумина во Македонија не сакаа да веруваат дека тоа го кажуваат. Од една страна, деклариират дека имаат волја, дека се конструктивни и сакаат проблемот да се реши, а од друга страна, излегуваат и кажуваат која е нивната позиција, а таа е крајно радикалната, можеби порадикална од онаа на претходната влада“, рече Груевски.

Серијалот оди или не во Њујорк продолжи и вчера, бидејќи премиерот повторно не кажа каква му е намерата. Тој негираше дека не сакал да се сретне со Папандреу, посочувајќи дека таква средба не ни била договорена. Затоа, пак, му упатил отворена покана на грчкиот премиер за средба во Македонија или каде било и кога било, доколку смета дека тоа би придонело за побрзо решавање на проблемот.

Изјавата на медијаторот Нимиц дека проблемот може да биде решен со дијалог меѓу раководствата на двете земји, за премиерот не значи дека тој се откажува од посредувањето.

„Не мислам дека крева раце, но укажува дека сите форми на комуникација се добри и ќе придонесат за надминување на овој проблем“, изјави Никола Груевски.

Тонот и вокабуларот што го употреби премиерот претходно ги најави претседателот Ѓорге Иванов во Њујорк, во обраќањето на Самитот за Милениумските развојни цели, што се одржува во рамките на 65. Генерално собрание на ОН во Њујорк. Тој направи политичко салто мортале, па сиромаштијата во земјата ја поврза директно со грчките блокади на Македонија.

„Има објаснување зошто е недоволен напредокот во овие сегменти. За многумина овде во оваа сала е чудно да слушнат дека причините за несоодветниот развој делумно треба да се бараат во постапките на една земја членка на ЕУ и на НАТО. За жал, морам да ви кажам дека Република Македонија е попречена во економскиот развој од својот прв сосед. Имаме наметнат проблем околу името на мојата земја, кој освен на политички план, ни создава сериозни импликации во економскиот развој, во привлекувањето странски инвестиции, нешто што може директно да ја намали сиромаштијата и невработеноста“, истакна Иванов.

„Факт е дека Грција е еден од најголемите инвеститори во Македонија, но исто така, факт е дека со блокадите во интеграциските процеси, индиректно ни се блокира привлекувањето на други инвеститори и инвестиции. Но, ние не сме обесхрабрени. Веруваме дека наскоро со нашиот сосед ќе најдеме решение што ќе ни ја обезбеди европската и евроатлантската иднина, а со тоа и благосостојба за нашите граѓани. Ние сме подготвени за тоа“, порача Иванов од говорницата ��о ОН. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 2181 пати.

Испрати коментар

Од: ПАПАНДРЕУ И ПОЛСКА И РЕШЕНИЕТО
Датум: 22.09.2010 12:31:47
Со географска одредница за севкупна употреба. Република Македонија е едната а другата Република Грција и Јужна Македонија. И така навистина Грција е од два дела Грција и Јужна Македонија. Еве случка вистинска од егејска Македонија т.ее. Јужна. Во автобус баба прашува некое девојче. Од деа си ре чупе. Од тоа и тоа село. Е ви реко чупето не е од Грција. Нема попуштање на шовинисти и фаши��ти. Македонскиот народ е пречката.
Од: zapev
Датум: 22.09.2010 12:38:24
crni grujo nese prepukavaj vcera se vrativ od makedonija ziva beda narod zivee vo bolnici nemat ni lek....na makedonija i treba eu da ne trpi narod povece na romanija (ciganite odat vo eu ne zatoa sto se siromasna ama da prosat i kradat)samo za socijala eu i dava 4 milijardi evra godisno a zamislite maked da dobija samo 400mil evra bi cvetalo nikoj ne bi trpel povece..............
Од: Obedineta Mak. Dijaspora
Датум: 22.09.2010 13:15:42
Samo preku Meg. sud vo Hag, preku sovetodavnoto mislenje za legalitet na referencata / pregovorite, moze da se reshi problemot. Se drugo ne vodi do reshenie na taka-narecheniot"spor"okolu imeto.
Од: Aaron
Датум: 22.09.2010 13:27:42
De e prinosot na nashta vlada za reshenie na problemot, vakvi se nashte predlozi ili samo chekame Grcija da se ja promeni pozicijata, koja veke e so se pogolema podrazka vo EU?
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 22.09.2010 14:04:30
Ова им е јака тактика!Хорхе на цел глас „разумно“објави дека најголемиот инвеститор во државава,всушност нè кочел со блокади!Некако,уште од седењето на Циле и Тодорче (Петров)на границата (во ’90-тите),приказната се повторува!Аххх,тие „Грчишта“!Најинтересно беше,што,по неколку дена од чучењето на границата,едниот од нив,веќе шеташе најнормално (ниту срам,ниту перде) низ улиците на Тесалоники!Верувам дека најпосле ќе ја убедат светската јавност од бесполезноста на нашиот прием во ЕУ!
Од: Трпе
Датум: 22.09.2010 14:20:37
Грчката влада дава лажни надежи за Македонија а нашата блада илузионистички.А што би се случило да нашата блада прифати нешто од лажните надежи,ке мора да влегува во НАТО и да преговара за влез во ЕУ.А нашата блада тоа не го сака,не сака да има контролори над глава.Така им е полесно да го заведуват наивниот народ.А за Ѓоле е друга приказна,така го учел пастирот.Така лесно не се станува претседател од редовите на дпмне-овците.Ѓоле се плаши да не се откажат од него,па што би правел човекот сам.Ако се изгуби,друштвото му го покажува патот.Човек за жалење,како ке се појави во иднина пред своите студенти.
Од: Антички јупитеријанец
Датум: 22.09.2010 15:39:54
Да ги прекинеме прговорите и така ептем ги зезнеме грците. Ќе ’цркнат’ од мука. А ние ќе црнеме од........глад.
Од: Марин
Датум: 22.09.2010 16:28:06
Нашиов премиер НЕ САКА да преговара лице влице. Зошто не отиде во Њујорк па да седнат со Папандреу. Што сега ни раскажува разни приказни!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.09.2010 18:44:32
Ги читам опозицискиве коментатори,жив грев се.Да навиваш да станеш она што неси и да се согласиш со тој што ти го прави тоа, е веќе болно.Значи никаков,подценет нов субјект ама важно си сит и ептен најаден.Прочитајтего zapev koлку е информиран за романските Роми, ситуирани а одат масовно на запад, прочитајте го јупитеријанецот,доволни се овие двајца за да се свати колку вреди опозицијата.
Од: Bobi 77
Датум: 22.09.2010 21:41:04
Pozdrav do FELIKS ,samo taka bratce dovolni se tvoite komentari na komunjarcinjava.
Од: Vodno
Датум: 23.09.2010 01:06:10
Koe ime ne go davame, ona od 1945 godina??? Pa dajte bre lugje svatete deka nemame nitu istorija,koga vo amerika se gradese Linkoln tunelot vo MKD se napravi topce ama od drvo, koga nemame istorija krademe od sosedite, abe gledajte kon idninata, da preziveeme barem kako Severna oti ce ne snema, cel svet veli menuvajte ime ts dodavka. Kakva mizerija od drzava sme, videte samo kakvi gluposti lupaat Horhe i kilavi Antonio, sram za ovaa drzava
Од: Територијална одредница е една
Датум: 23.09.2010 01:28:05
Па територијалната додавка е Македонија. А по устав е република. А Грциштата што не ги признаваат Македонците е правата пречка. За кое вие злобните го поддржувате Грекос Манијакис. А коментариве се како по обичај. Изгребана винил плоча. Скока и шушти. Само од злоба. Грујо! не се секирај / Ке си го зачуваме името.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 23.09.2010 05:18:22
Feliks navistina makedonija 0d 1990 god.pa se do 2003 godin imase,,super"standar,na smetka na Srbija;Edna cisterna propustena za Srbija edna za nas vo makedonija Badijala! Mozebi Feliks neznae, kogaj Srbite kupuvaa benzin vo Makedonija kako Lek vo Apoteka.Edna Skopska firma prodavase Srpski bakar po svetski ceni,a go zemase od Srbija za badiala,a da ne zboruvame za prehrambenata industrija.Vaka,Makedonija 1946 god pocna od nula za dvaeset godini 1966 godina site bea vraboteni.Vo sredinata na Osumdesetite Yu i Makedonija bea Amerika za Istocniot Blok.Eve ovie denovi se slavi 20 godini; Makedonija samo za Makedoncite.Kogaj Makedoncite zivea poarno vo taa ;;Explotatorska"Yu-Srbija il Deneska.Imam edno pojasnuvane za Feliks.80% od zitelite,na geogravska Makedonija ziveat nadvor od Republika Makedonija.Juzno od Veles,Republika Makedonija e samo 20% od Geograavska Makedonija-Skopje nee geogravski vo Makedonija! Vo Geografska Makedonija ziveat 6 Milioni ziteli,kade se Makedoncite?
Од: Trpe
Датум: 23.09.2010 08:41:45
se krcka i 3 uslov za EU, osven imeto i identitetot , treba i site Romi od EU da se smestat vo Makedonija; tamu imale problemi so niv, pa i megusebni karanici megu Sarkozi i Merkel..... a tuka ke im bide najdobro...
Од: Трене
Датум: 23.09.2010 09:17:37
Р.Македонија јасно се разликува од грчка провинција. Причината за која грција од петни жили се бори Македонија да биде заобиколувана политички и економски е што грција поради желба за апсолутно авторско право н�� античка историја, зграбила територија и лугјето кои живееле таму присилно ги асимилирвала, прогонувала и убивала. За Балкански соживот мора Македонците да бидат прифатени, не како луѓе на територија, туку како етнички Македонци кои слободно треба да смеат да си ја негуваат својата култура, со благослов и од грчката држава. Македонија нема територијални претензии кон своите соседи, тоа е доволно аргумент за недискусија околу „спорот“. Грција треба да се соочи со факторот етнички Македонци кои не се грци, правото на самоопределување и Македонската самосталност. Ако за грција Македонија е само територија, тогаш грчката територија е таа што треба да менува име. Македонија како добар сосед може да прифати само второ прифатливо име за исклучиво грчка употреба.
Од: ace
Датум: 23.09.2010 09:19:16
ubavo e sto zole ne go spomnal razumniot kompromis ,iskreno na sekoe izlaganje na precedatelot se sekiram dali ke lupne nekoja zelena kako po obicaj
Од: dedodimo
Датум: 23.09.2010 09:26:51
Dragi Makedonci ,do kolku ste Makedonci, so vakvi komentai samo se prepukuvate bez golemo razmisluvanje a toae sramota.Da se vodat Razgovori ili pregovori dvete strani trba neshto da otstapat pa taka se pravi "KOMPROMIS " ili SPOGODBA po MAKEDONSKI .Makedonija so Grcite ne mozi da pravi spogodba ,koga Grcite imaat crvena linija .Grcite ne sakaat da popushtat nisto a tie se shto imaat problem so nasheto ime .Makedonija porano napravi golemi greshki koga prifati da go otstapi znameto i napravi izmeni vo ustavot ,Toa ne beshe spogodba tuku kapitulacija od stranana Makedonskata vlada ..

Најди! во Утрински
Втора страница
Чарлс Капчан
Нимиц смета дека не е време за конечен предлог
Ги слуша ли полицијата апелите на ИВЗ?
Учебници од СФРЈ
Вербатим
Ја продал куќата за операција на детето



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing