Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Ја продал куќата за операција на детето

Триесет деца со оштетен слух се на списокот на чекање, а има пари само за две операции

Јасмина Јовановска


Родителите на децата на кои им е вградено вештачко уво во некои од центрите во странство, вчера на протест побараа од Фондот за здравство да им ги врати незаконски земените пари за партиципација. Другите родители, пак, реагираат зошто Клиниката за уво, нос и грло, која годинава нема вградено ниту едно вештачко уво, не им потпишува потврда за да можат да ги однесат децата на лекување во странство.

Родителите не ги прими никој од раководството во Фондот. Како што велат родителите, вработените од правната служба, каде што се обратиле за помош, избегале со образложение дека не се надлежни за нивните случаи. За малку беше избегнат инцидент во Фондот, а еден родител беше толку револтиран од ингнорантскиот однос што се закани со поставување бомба.

Родителите, чии деца се оперирани во странство во период кога на Клиниката не се работела метода на вградување вештачко уво, сметаат дека парите што им ги зел Фондот како 20 отсто партиципација, е криминал. Како деца со посебни потреби, тие се ослободени од плаќање партиципација, но од Фондот никој не ни го кажа тоа, вели Звонко Иванов, претседател на здружението СУРДИТАС. Долгот е околу 200.000 евра, а на секој од родителите треба да им се вратат по околу 5.000 до 6.000 евра. Иако им било ветено дека ако тужат пред судските инстанци, Фондот ќе им излезе во пресрет, од судот биле одбиени.

За да му се оперира увото на детето и да му се врати слухот, родителот Томе Чабасовски од Струга дури си ја продал куќата. Операцијата чинела околу 26.000 евра, а тој немал толку пари. Операцијата била направена во Загреб, зашто повеќе не можеле да чекаат за да добијат конзилијарно мислење од Клиниката. Стручното мислење е дека најдобро е вештачкото уво да се вгради до тригодишна возраст, а неговото дете веќе имало три години. Но, кога се вратил, го обезбедил конзилијарното мислење, но парите не му ги вратиле, па заминал во странство без решение.

Од Фондот го разбираат револтот на родителите, но, решенијата за лекување во странство се од периодот од 2003 до 2006 година, кога важел друг правилник со кој овие деца требало да платат 20 отсто партиципација. „Родителите не се жалеле и не повеле управна постапка, и иако сега се ослободени од партиципација, не може ретроактивно да им се вратат парите доколку судовите не решат поинаку“, е ставот на Фондот. Но, оттаму не објаснија како може правилникот за лекување во странство да биде над Законот за здравствено осигурување, со кој овие деца како лица со посебни потреби се ослободени од партиципација.

Другата група родители бараат децата да ги однесат во странство, зашто листата на чекање за вештачко уво во Македонија е долга, а ги притиска и возрасната граница за вградување вештачко уво. Годишно се прават само две операции, а на листата на чекање има околу триесетина деца. Клиниката не им дава потврди, а без неа Фондот нема да им плати.

Зекир Ајдер од Скопје има 2,5 годишно дете на кое му треба вградување вештачко уво. Тој е во грч дали стручната комисија на Клиниката ќе избере неговото дете да биде едно од двете среќници да добие вештачко уво или ќе бара кредит за да го лекува детето.

 


#
Статијата е прочитана 1531 пати.

Испрати коментар

Од: eu
Датум: 22.09.2010 12:43:03
uste edna pricina grujo da prifati pridavka i da vleze makedon vo eu ...ui nema pov da placate za deca i za vas za nisto..............
Од: suada
Датум: 22.09.2010 12:57:22
koga se davaat pari za gluposti (za kameri po klinikite 1 200 000 evra, za lavoveto i ostanatite stvorovi) nikoj ne se bunu smetajki deka toj nikogas nema da se razbole ili deka takvi strasni raboti mu se slucuvaat sekogas na drugite. koga ke padne vo racete na makedoskoto (para)zdravstvo togas gledaat deka sto mizerija sme. no obicno togas e kasno. doprva ce sleduvaat MEGA KATASTROFI so zdravjeto na obicnite ludje. sto se odnesuva do onie paraziti i nepismeni vo vladata i t.n. funkcioneri, za niv se isturaat pari za da im se spasat nivnite smrdeni zivotcina po elitnite kliniki vo svetot. toa e makeodnja
Од: Феличита
Датум: 22.09.2010 13:57:57
Среќко, јави се!
Од: el dorado
Датум: 22.09.2010 15:07:03
Uste edna posledica od ubavata ni tranzicija, neli dojdovme vo najubavoto opstestvo, t.n. kapitalizam. Kako li samo ke go "opeat" sevo ova vo novite ucebnici? Najverovatno za se komunjarite ke im se krivi ili??? HOP- ne sum clen ni na edna partija, ni kaj Murto ni kaj Kurto, ova za skepticite.STRASNO e i zalosno da ima vakvi situacii vo koi stradaat celi semejstva.26000 evra e operacija?! Se prasuvam samo kolku cini edno "made" na Bukefala (lavovive gi nemaat, neli ne mozam od niv da presmetam), ili pak nekoj od spomenicive? 26000x30=780000evra, bi imalo barem nadez za ovie deca.A vaka????? Ke gledame spomenici, zicari, i ke se voshituvame sami na sebe.....
Од: јас
Датум: 22.09.2010 15:55:33
СРАМОТА !!!! Јас ќе ви кажам мој пример...ПЛаќам 20 години како приватник и досега скоро и да не сум имал потреба од лекување.Последен пат вадев плави картони пред неколку години.Пред неколку месеци ми затребаа и отидов во ФЗОМ.Ме натераа прво кај контролорот , кој утврди дека не се согласувало за околу 1000 денари и тоа долг од неколку месеци од 2004 година.Проверив , пресметките според кои е уплаќано се во ред, а фондот вади некаква разлика од скоро 1000 ден., за која никој паметен не се нашол да ми ја каже тогаш и чекаат јас да се појавам па да ми кажат.Уште малку и јас ќе бев крив оти не сум проверувал..Како и да е , кога треба да земат пари , тогаш се цареви , а кога треба да се дадат , најдуваат милион причини тоа ДА НЕ ГО СТОРАТ !!! Настрана тоа што ФЗОМ прво за себе си одделува пари за плата ,па после им префрла на здравствените организации , КОИ ОД МЕСЕЦ НА МЕСЕЦ ИМААТ СЕ ’ ПОМАЛА ПЛАТА !!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.09.2010 19:21:36
Не треба повик од многу пребирливиот мој омилен опонент викан Феличита за да се искоментира ваков случај на економски поразен поединец визави бездушната здравствена бирократија,или државна сеедно.Фондот треба и мора да го обештети човекот.Феличита треба да се запраша оти не се добило конзилијарно мислење од неговата измачена и тормозена лекарска фела.Сега вероватно ќе научи нешто Феличита визави коментирањето.
Од: Т.А.
Датум: 22.09.2010 20:04:12
Лекарите не потпишуваатконзилијарно мислење од причина што им е сугерирано за нивно лична професионална иднина дека е подобро да не го сторат тоа. Нешто друго би го замолил овој Среќко. Кога оди во Штабот нека направи список од тие кои се вработени таму како вратари, чувари. шофери, кафекувари, колку се на платен список на Фондот за здравстввжо, а колку са на платен список на други финдови и јавни претпријатија. Е Среќалјија мој најубав, поради таквите нема пари за овие сироти луѓе.
Од: barbiUSA
Датум: 23.09.2010 05:11:33
Pa i treba roditelot da im postavi bomba,ne daj boze za dete koga se Arboti i treba da gi zadavi ako imaat takov ignoriracki odnos,eh do koe deredze lugjeto se sveduvaat za svoite deca a drzavata nisto ne pravi vo vrska so toa,SRAMOTA
Од: ivana
Датум: 23.09.2010 08:43:40
zalosno za sto da se nema pari za DECATA bez razlika od koja grupa pripakaat,so leukemija,so paraliza ,autizam,cerebrala ,i mnogu drugi dijagnozi ,a od druga strana gledame pred nasi oci kako se trosat nasite narodni pari za bezvezni nakolni naselbi od koj samo pasko ima kar za svojot djeb,pa teniski igralista, plazi bez bahjahje ,pojadoci za jadnicive na most do kadene dovede ovoj GRUJO pa zasramise sto dozvoli vo drzavava haos vakov , da ne spomenuvam za muzei nepotrebni,spomenici i skulpturi ,a decata neka patat treba site deca da im gi odneseme pred vlada narode i tie deca zaedno so nas da gi isflat od limenkata tie ne se za svojot narod ,tuku samo za svojot djeb.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербална војна меѓу Скопје и Атина
Чарлс Капчан
Нимиц смета дека не е време за конечен предлог
Ги слуша ли полицијата апелите на ИВЗ?
Учебници од СФРЈ
Вербатим



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing