Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

СДСМ ќе маршира еден ден подоцна

СДСМ го помести одржувањето на протестниот марш во Скопје за в недела, 5 декември, со почеток во 13 часот. Од „Бихаќска“ појаснија дека пролонгирањето за еден ден има две причини и дека тоа е направено на барање на граѓаните. Недела е избрана како неработен ден, со што ќе им се овозможи присуството на сите оние што во сабота имаат работни обврски, но не помала причина е и желбата да се избегне блокирањето на најфреквентните булевари во Скопје во работен ден.

Секретарот на СДСМ, Андреј Петров, информираше дека поаѓањето ќе биде од Карпош 3, а колоната ќе се движи по „Партизанска“ кон Собранието на Македонија. Во партијата, која го иницираше протестот, очекуваат масовен одѕив на граѓаните. „Илјадници граѓани се јавуваат и ги посетуваат просториите на СДСМ низ цела Македонија, изразувајќи желба да учествуваат во овој сенароден протестен марш“, рече Петров.

На вчерашниот прес тој ги повика сите слободоумни граѓани, прогресивни сили, сите што сакаат подобра иднина за Македонија да се приклучат на неделниот марш, зашто сиромаштијата, криминалот и стравот не се победуваат со стоење настрана.

Кога минатата недела лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, ја соопшти идејата за протестен марш, нагласи дека тоа ќе биде марш за слободата и демократијата, за правдата и вистината, за достоинството и иднината, на кој граѓаните треба да покажат единственост, без оглед на партиската и националната припадност. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 983 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2010 17:19:59
Како ќе изгледа маршот без медиумската верификација на упаднатиот медиум чии сопственик во афект по сопствено признание вели,,ја претерав а и претераа новинарите,,.Ова ќе биде задолжитена лектира на учесниците на маршот да еднаш сватат да нетреба ,,истрчување пред руда,,плус од сопствениот медиум направи ,,чергиче за бришење нозе,,каењето е поткрепено и со каење на главниот уредник.Шаховскиот чирак ова би го коментирал како ,,шустер мат,,.
Од: Сергеј
Датум: 02.12.2010 17:48:44
До каде стигна оваа диктатура, нема да не’ изненади ако Груевски го прогласи за работен ден 5-ти декември (што ако е недела). Тој веќе наголемо го живее својот филм дека може да прави се’ што ќе му текне. Кога веќе размислува православниот Божиќ да го помести на 25-декември, што претставува за него прогласувањето недела за неработен ден?! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: девичанецот
Датум: 02.12.2010 21:26:26
Предлагам маршот да биде предводен од многу омилениот кај народот сезнајкото Фрчковски и тоа облечен во жолтиот џемпер, со којшто има давано интервјуа. А до него се разбира....робусниот генсек Андреј Петров, облечен во најлонските кеси со коишто во општина Карпош го промовираше проектот за селектирање на отпадот.
Од: Горче
Датум: 02.12.2010 21:49:23
Бранко Црвенковски, ја соопшти идејата за протестен марш, нагласи дека тоа ќе биде марш за слободата и демократијата, за правдата и вистината, за достоинството и иднината, на кој граѓаните треба да покажат единственост, без оглед на партиската и националната припадност. Кој го тоа изјавил Б.Ц хахахах па колку "чисто" минато има тој позади себе што баш тој е веродостоен да организира сенароден марш! Секако нема да присуствувам, а се надевам дека има доста грагани кои не ЗАБОРАВААТ кој не ПРОДАДЕ!!!
Од: Medula oblongata
Датум: 02.12.2010 23:41:46
Sosema jalovi izgledaat ovie obidi na opozicijata za atak vrz vlasta so marsovi i mitinzi , na koi se sobiraat samo partiski clenovi so avtobusi od celata zemja , vo nitu eden moment ne ponudija nesto konkretno za ekonomijata i sl.,ili nekoj proekt,a i lugeto sto se tamu gi vidovme ovie 20 godini.
Од: sv diitrija
Датум: 03.12.2010 09:33:25
Ako patot do Skopje e platen so pomosh na nekoja stranska zemja ,mislam vo skopje mnogu narod ke pojdi na izlet a ne na demonstracii .Za kogo da demonstriraat za Branko da go vratat na vlast ,shto mislite ,narodot e budala .Ako vie dojdite na vlast se znaj uste sega ZBOGUM MAKEDONIJO a bogami siguren sum 90% deka za takvi luge MAKEDONSKIOT narod nema da glasa..Samo shto ke se stramite ,nikoj poveke ne ve FERMA.
Од: Ivan P.
Датум: 03.12.2010 09:47:25
Jas ke ucestvuvam na marsot od slednive pricini. 1. Zatoa stominister za nadvoresni mi covek koj ne go priznava mojot jazik. 2. Zatoa sto edinstvenata medicinska sestra koja vo edna godina kupila 4 stana e majkata na premierot. 3. Zatoa sto vo Bugarija ne prestavuva Dosta Dimovska koj ja negira mojata nacija. 4.. Zatoa sto mojot sin kako inziner tri godini veke raboti na tezga a deteto na sosedot koe 6 godini ucese gimnazija pred neponi dva meseci stana drzaven sluzbenik. mestoto dozvoluva tolku inaku ima mnogu da se pisuva.
Од: Iselenik Sydney Australia
Датум: 03.12.2010 10:51:16
Drugari i Drugarki ovie ne se za potcenuvanje.Samo toj sto ne gi znae( ili pocuvstvuval na svoja koza kako moeto semejstvo vo Makedonija ) vistinskite nivni metodi moze da misli deka se samo provokacii.Imaat tolku primitivna omraza sobrana vo niv sto vo dogovor so tukasnite im ..."bosovi" ne razmisluvaat za nisto osven za naredbite sto im gi davaat,a najmalku za imidzot na Makedonija.Za niv Makedonija e samo alibi za cukanje vo gradi od "patriotizam" na zborovi,a unistuvanje na se sto sozdadoa generacii - na delo.Zatoa,site mora zaednicki da se sprotivstavime na nasilstvoto so zborovi i aktivnosti,koe za niv e izdignato na nivo na licna i partiska promocija.Konkretno za slucajov,spored mene,tajmingot ne e slucaen.Pravat se za da gi isplasat lugjeto da se otkazat od prisustvo na marsot vo nedela.No,nema da im uspee.Ke imaat sto i kogo da viime tamu - NARODOT.Preku glava mu se so rasturi-kukja vladeenjeto.Vo nedela Makedonija ke bide sobrana na edno mesto,nejzinite gragjani ke dojdat da

Најди! во Утрински
Политика
Директорите се спасија од кривични пријави за компјутерите
Судиите в година двапати на проверка
Синдикатот и Коњановски пак се скараа
Хисен Муслиу останува во притвор
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society