Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Синдикатот и Коњановски пак се скараа

Независниот синдикат на професионалните војници ги повикаа пратениците да ги прифатат предложените измени во Законот за служба во АРМ и на тој начин да се реши нивниот статус.

„Имајќи предвид дека до Собранието има доставено иницијатива за донесување измени на Законот, Синдикатот јавно повикува таа да биде прифатена од пратениците. Независниот синдикат останува на своите барања за решавање на статусот, кои се конкретни и без можност за манипулација“, е наведено во барањето.

На ова се огласи и министерот за одбрана Зоран Коњановски, кој истакна дека договорот што е постигнат со Независниот синдикат пред дваесетина дена е целосно вграден во законските измени, а реакцијата на синдикатот ја смета како предмет на политичка манипулација. „И покрај тоа што со закон е предвидено ангажирање на професионалните војници, кои свесно и доброволно потпишуваат договор за привремен ангажман за служба во АРМ, сакавме да покажеме почит кон нив“, уверува министерот Коњановски. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 587 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 02.12.2010 12:54:49
Е навистина ова повеќе нема смисла... Војнициве се жалат на закон кој во моментов бил таков, а се прашувам ПИСМЕНИ ЛИ СЕ КОГА ГИ ПОТПИШУВААТ ДОГОВОРИТЕ ЗА РАБОТА ВО АРМ?!! Таму прецизно е наведено дека договорот истекува со наполнети 38 години од животот. Секоја чест за тоа што се дел од АРМ, ама ова само ги прави да бидат ставени на тапет и да бидат омаловажувани за тоа што покажуваат слабост. Не можам да разберам што сакаат повеќе од тоа што ете државата на некој начин им излегла во пресрет и им дала работа но до 38 година од животот. И сега што понатаму??? Државата е крива за тоа што им дала работа? Е навистина што е претерано е претерано...па со ова се прави дискриминација кон останатите граѓани на оваа држава. Зошто тогаш и останатите да не земаат 6000 денари ако останат без работа и да бидат во резервниот состав било каде. Па и уште ако си најдеме работа на коњ сме. СРАМОТА. Ова што го бараат професионалните војници ги преминува сите граници
Од: nidzo
Датум: 02.12.2010 14:52:02
ministerot e vo pravo. Na profesionalnite vojnici im dadoa poveke prava i beneficii odosto e voobicaeno vo drugite zemji. Nekoj so niv politicki manipulira.
Од: Viktor
Датум: 02.12.2010 16:23:44
Да ви кажам и на двајцата прво дојдете да работете во војска па после ќе разговараме кој е писмен кој не.............и да ви зависи фамилијата од таа работа па ќе видете, ВИ ПОСАКУВАМ И НА ДВАЈЦАТА ДА ГО ДОЧЕКАТЕ ТОЈ МОМЕНТ:
Од: Saso
Датум: 02.12.2010 17:12:30
Ne znam jas dali sme pismeni no Vie ste ocigledno nepismeni, g-data koi komentiraat bez da gi znaat detalite. Neli nie znaevme sto potpisavme a da Ve prasam jas Vas g-da neli 5000 te partiski vrabotuvawa se porazlicni od nas ili tie znaeja sto potpisaja sekako so partiska kniska od DPMNE.
Од: екс професионален војник
Датум: 02.12.2010 17:42:32
Pero i Nedzo samo ke vi kazam povelete i vie vrabotete se vo ARM bidete del od nea do 38 godini pa togas ke pravime muabet dali sme pismeni ili nepismeni i dali preteruvame vo baranjata ili ne.

Најди! во Утрински
Политика
Директорите се спасија од кривични пријави за компјутерите
Судиите в година двапати на проверка
СДСМ ќе маршира еден ден подоцна
Хисен Муслиу останува во притвор
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society