Крвава завршница на орален секс
Во градот Сафонов, недалеку од Москва, сопругата го затекла мажот со љубовница во занес на „француска љубов“
Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ
Москва - Орален секс на невнимателни љубовници во руската провинција во Волоколамскиот реон заврши трагично. Шокираната сопруга, која го затекла мажот како води „француска љубов“ со нејзината најдобра пријателка, ја удрила соперничката со тешка ламба по главата. Мажот почувствувал силна болка, зашто љубовницата со заби особено му го повредила половиот орган. Истовремено љубовницата добила тежок потрес на мозокот, а измамената жена деновиве е осудена на две години затвор поради нанесување тешки телесни повреди. Московскиот дневен весник „Твој ден“ опширно го опишува случајот, кој не само што го возбуди Подмосковјето туку предизвика и полемики. Многумина се оние што сметаат дека измамената сопруга постапила правилно со тоа што сама ги казнила мажот и најдобрата пријателка. Од друга страна, некои поставуваат прашање за измамената жена: каква најдобра пријателка и' е тоа? Трети во сето тоа гледаат вина во премногу испиениот алкохол, додека четврти сметаат дека измамената сопруга најмногу си наштетила себеси...
Брачниот пар, 40-годишниот Михаил и 36-годишната Јелена, излегол од станот да прошета во блискиот парк. Кога се враќале дома, Елена недалеку од станот ја сретнала својата најдобра пријателка Елисавета Д. (33). По кусиот разговор, Елена ја поканила Елисавета на гости. Сопругот Михаил отишол до продавницата да купи нешто за јадење и пиење. Тие решиле по вечерата заедно да го гледаат филмот „Војна на световите“. На средина на филмот, домаќинката заспала...
Неверниот сопруг подоцна и' раскажал на полицијата дека Елисавета почнала да го милува и десет минути биле доволни за хормоните да ги ослабат сите сопирачки, па почнале да се занимаваат со орален секс.
Сосема неочекувано се разбудила измамената сопруга. Здогледала шокантна глетка: нејзината најдобра пријателка води „француска љубов“ со Михаил. Измамената сопруга ја зграбила ламбата со тешка основа и ја удрила по главата својата пријателка, која била во сексуален транс.
„Почувствував силна болка и видов крв од устата на Елисавета, а на другото не се сеќавам“, раскажал Михаил неодамна на суд.
Брза помош ги однела повредените љубовници во болницата во градот Сафонов. Елисавета ја сместиле на трауматологија, а Михаил на хирургија. Подоцна бил префрлен на специјална клиника за хирурзите да се обидат да му го санираат половиот орган.
Измам��ната Елена, според мислењето на сограѓаните, минала најлошо - ги изгубила мажот и најдобрата пријателка, а освен тоа зад решетки ќе мине две години, зашто е обвинета за нанесување тешки телесни повреди. Судијата во споменатиот град во Подмосковјето објаснува дека Елена ја осудил „само на две години“, зашто зел предвид дека телесните повреди ги нанела во момент кога била многу повредена од измамата на блиски луѓе.
Силата на вилицата
Кога човек џвака нормално, силата на неговата вилица е 80 кг, а при напрегнување на мускулите на двете страни по 390 кг. Но, ако човек ја стегне вилицата во состојба на шок, силата е многу поголема и може да се спореди со лавовската - вели московскиот научник Виктор Чмиров, објаснувајќи под каква опасна „преса“ се нашол половиот орган на неверниот маж.
|