ХАРИСОН ФОРД И КАЛИСТА ФЛОКХАРТ
Наскоро пред олтар
Уште една холивудска двојка одлучила да ја озакони својата врска. Актерот Харисон Форд и неговата животна сопатничка Калиста Флокхарт, која е 22 години помлада од него, одлучиле и официјално да застанат на лудиот камен по седумгодишна врска.
Форд организирал романтичен излет на Денот на вљубените, кога впрочем и се случила свршувачката, но двојката одлучила да молчи извесен период. Сепак, подоцна информацијата стигнала до јавноста и магазинот „Пипл“ потврдил дека навистина актерската двојка наскоро ќе го каже судбоносното „да“.
Иако од седумгодишната врска имаат и син, досега ниту еден од нив не излегол со информација за озаконување на врската.
Бидејќи е познато дека не сакаат да прават забава од својот живот, за разлика од колегите, решиле одлуката да ја задржат за себе, се' додека Калиста не се прошетала низ Лос Анџелес со „сомнителен“ прстен.
Иако датумот на венчавката и локацијата се' уште не и' се познати на јавноста, според изјавата на Флокхарт, планираат мала и скромна венчавка. |