Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Забрана за бразилската депилација

Според зборовите на стручњаците за нега на кожата, бразилската депилација е опасна

Американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да воведе контрола во подрачјето на бикини-зоната. Имено, сојузниот Одбор за козметика и фризирање планира да ја забрани бразилската депилација по пријавата на две жени за нарушено здравје во текот на „потрагата“ по мазно меѓуножје.

„Двете жени се хоспитализирани поради тежок вид инфекција, здобиена по депилирање со восок на чувствителните подрачја. Едната од нив има поднесено и тужба“, изјавил Џеф Лам, портпарол на Здружението за заштита на потрошувачите, кое ја надгледува работата на Одборот за козметика и фризирање.

Депилацијата на гениталните подрачја, технички, никогаш не била дозволена со закон. Подрачјата што смеат да се депилираат, според законот, се лицето, вратот, абдоменот, нозете и рацете, но бидејќи бразилската депилација не е прецизно дефинирана, никој не се ни заморувал со надгледување на работата на козметичките салони.

„Подрачјето на меѓуножјето не е дел од абдоменот, како ни дел од нозете, како што сметаат некои и поради што веруваат дека бразилската депилација е дозволена со закон“, истакнува Лам.

Функционерите од Националната козметичка организација и Националниот совет на сојузните одбори за козметика наведуваат дека Њу Џерси ќе стане првата држава во САД која ќе го забрани депилирањето на гениталното подрачје. Со новиот закон, класичната депилација на бикини-зоната ќе остане дозволена.

Според зборовите на стручњаците за нега на кожата, бразилската депилација е опасна, зашто врелиот восок може да ја иритира или оштети чувствителната кожа на подрачјето на меѓуножјето, а постои опасност и од разни инфекции, поткожни влакна и алергии.

Но, и покрај ризикот, милиони жени, но и мажи, ги избираат токму тој начин на уредување на своите „приватни подрачја“, а просечната цена на бразилска депилација во САД се движи околу 50 долари.

Доколку Сојузниот одбор за козметика на својата идна седница донесе забрана за депилација на гениталните подрачја, таа ќе стапи во сила веќе во мај годинава, а козметичките салони што нема да се придржуваат до одредбата ќе бидат санкционирани со парична казна. За сопствениците на салоните за разубавување, укинувањето на оваа популарна услуга, веројатно, ќе значи осетен пад во работењето, особено зашто забраната доаѓа со првите денови на летото и сезоната на костими за капење.

Сопственичката на еден таков салон проценува дека во 2008 година кај неа за бразилска депилација дошле над 1.800 жени.

„Тоа е голема работа и извор на добра заработувачка. Подрачјето на бикини-зоната е приватност на моите муштерии и сметам дека никој не би требало да решава наместо нив. Всушност, муштеријата секогаш е во право“, заклучува сопственичката на слонот и додава дека по оваа „нечесна забрана“ жените ќе побараат средување на бикини-зоната надвор од границите на Њу Џерси.


Статијата е прочитана 1625 пати.

Испрати коментар

Од: doktor
Датум: 24.03.2009 03:59:27
sto bi rekle starite trpi babo za lepota...nekako novive generaciii se po prefineti mazni sakaat vlakno da ne im se gleda pa se si ima svoja cena ako e mazno ke bide iritirano i ke boli ama vazno da bidat ubavi.
Од: Figaro
Датум: 24.03.2009 08:09:43
На времето,(пред повеќе од 30 години), во чаршијата во Прилеп имаше една прочуена берберница. Над влезот имаше голема фирма :`БЕРБЕР ТОЛЕ`, а на вратата имаше мало писулче на кое пишуваше: `Бербер Толе, бричи доле`. Е сега како ја вршел услугата, дали со брич, или со Мариовска депилација, не знам. Важно немам слушнато дека некојa муштерија се пожалилa на инфекција или на нешто слично. Е сега видете колку сме биле понапред од Американците!
Од: Suzana
Датум: 24.03.2009 11:55:07
35 godini se depiliram cela so vosok, i nikogas ne sum mala problemi. Duri i pod pazuvite. drgarka mi sekogas so krema gi otsranuvala vlaknata, pa mnogu cesto i se javuvale cvorcinja. Individualno e se
Од: марија
Датум: 24.03.2009 17:40:23
depilacijata e strasna rabota so eden isti vosok samo preceden go stavat na sekoj drug pred mene i po mene na razlicni delovi od telota pa zatoa se site tie infekcii toa e strasna i gnasna rabota pa i zatoa se site tie infekcii od koi i edna moja drugarka ne mozese 1mes da se izleci

Најди! во Утрински
Забава
Крвава завршница на орален секс
Наскоро пред олтар
Втор брак на акциониот херој