Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

БРУС ВИЛИС

Втор брак на акциониот херој

Актерот Брус Вилис, кој со години ја гледа својата поранешна сопруга Деми Мур како ужива во брачните води со помладиот Ештон Качер, одлучил да го преземе истиот чекор. Па, реши својата сакана девојка Ема Хенинг да ја одведе пред олтар. Венчавката се случила во неговиот дом на карипските острови Туркс и Каикос.

Во близина на неговиот дом биле најмени многу вили каде што биле сместени сите поканети гости. На венчавката биле присутни и Деми Мур и Ештон Качер, како и ќерките што ги има Вилис од бракот со Мур - Рамер, Скаут и Талула.

Познато е дека по нивниот развод особено важно им било децата да растат во здрава атмосфера, па затоа одлучиле да останат во пријателски односи, независно од нивните животи со партнерите. Притоа, познато е дека повремено Вилис и Мур го поминуваат времето заедно со цел подобро да функционира нивниот однос со децата.

Брус Вилис (54) и 32-годишната манекенка Ема биле заедно само осум месеци пред да ја донесат одлуката да се венчаат, а прв пат почнале да кружат приказните за нив откако биле случајно видени во продавница на „Картие“ на Беверли Хилс каде што разгледувале свршенички прстени.


Статијата е прочитана 857 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Крвава завршница на орален секс
Наскоро пред олтар
Забрана за бразилската депилација