Со декемвриската пензија што ќе се исплати во јануари Фондот за пензиско и инвалидско осигурување повторно треба да им се задржува надомест за посмртнината на пензионерите. Колку ќе изнесува висината на посмртнината и по колку ќе се издвојува од секоја пензија за солидарниот фонд, за што ќе се користат вишокот пари, ќе одлучуваат самите пензионери преку посебно тело од Сојузот на здруженијата на пензионерите и другите сојузи на пензионерите.
За посмртнината повторно да ја собира и да ја исплаќа ПИОМ, вчера парламентот по кратка постапка ги донесе измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Овој пат тие се усогласени со одлуката на Уставниот суд откако тој ги поништи првите измени што ги донесе Владата, а со кои правото на пензиските здруженија да ја исплаќаат посмртнината му ја пренесоа на ПИОМ. Со дополнувањата на Законот се предлага собирањето и исплатата на посмртнината да ја врши ПИОМ, со истовремено целосно учество на здруженијата на пензионери во располагањето и управувањето со средствата како носители на солидарниот фонд. Средствата од посмртнината ПИОМ ќе ги уплатува на посебна потсметка во рамките на трезорската сметка.
Опозицијата обвини дека предложеното решение е изигрување на одлуката на Уставниот суд и го загрозува правото на пензионерите сами да одлучуваат за посмртнината. (Ј.Ј.)
dobro sega pak ke se zadrzuvaat parite a onie 30000 denari za pogrebalni uslugi sto ke treba da se plakaat od 15 januari koj ke im gi plati koga veke zemaaat pari od niv a pa i godini godini nanazad se zemase od penzionerite pa posle od kade drzavata tolku pati pa ete od kade zemi malku od vamu ,malku od tamu,malku od inspekcii ,malku od danoci i eve ti poln budzet hehehe zalni sme nie Makedoncite i toa mnogu
Од: Lena T.
Датум: 04.12.2008 15:30:15
Ne znam dali moeto mislenje ke odgovara na naslovot , no me interesira sto stanuva so parite koi sedvojat za posmrtnika,a veke se penzioneri poveke od 15-20 godini. Koga ke se sobere sumata od sekoj mesec odvoeni sredstva po toj osnov iznesuva mnogu. Koj gi koristi tie pariili kade se trosat i koj dava nasoki kade odat tie sredstva. Ova prasanje si go postavuvam cesto zatoa sto moite roditeli veke nekolku godini (oiveke od 15 godini) od penzijata se odvojuvaat tie sredstva za posmrtnika. toa se mnogu pari.Megutoa za pogrebalnite troskovi po smrttana tatkomi beamnogu malku vo sporedba kolku so godini se odvojuvani od negovata penzija. Isto taka se uveriv deka vo sekoja opstina iznosot na pogrebalnite troskovi se razlicni i toa vo zavisnost vo koja opstina te vodat. Pr. opstina Cair dobiva navisoka suma za pogrebalni troskovi , zosto e toa taka koga site penzioneri se ista kategorija na korisnici? Bi sakala da dobijam odgovor na ovie za mene nejasni raboti