Штитеници од Демир Капија се вселија во нов дом во Кисела Вода
Во 48 мали групни домови што ќе бидат отворени во повеќе градови ќе се вселат 192 лица
Снежана Калабакова
Анабела, Марица, Али и Борче се четворица штитеници од Специјалниот завод во Демир Капија на возраст помеѓу 25 и 35 години, кои вчера се вселија во куќа што ќе биде нивниот нов групен дом во населбата Кисела Вода во Скопје. Тие ќе го запомнат засекогаш 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со инвалидност, кога добија свој дом надвор од институцијата во која некои престојувале и 20 години.
Групниот дом е прв од планираните 48, кои во следните три години ќе бидат отворени во повеќе градови во Македонија. Во нив треба да се вселат вкупно 192 лица со потежок и полесен хендикеп. Првите пет нови живеалишта во Скопје и во Кавадарци веќе се подготвени да ги примат своите станари.
Во куќата во Кисела Вода вчера први гости на штитениците беа премиерот Никола Груевски, министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами, државниот секретар Душко Миновски и новинарите.
Вселувањето на овие лица во заедничката куќа претставува прв чекор во надминувањето на маргинализираноста на популацијата со хендикеп и нивно целосно вклучување во заедницата. За нив ќе се грижат педагози, психолози и социјални работници, а тие ќе им помагаат во домаќинските работи и во одржувањето на хигиената.
Со групниот дом ќе раководи „Полио плус“, движење против хендикеп, а ќе биде финансиран од Министерството за труд и социјална работа и Open Societi Mental Health Initiative од Будимпешта, Унгарија. Во согласност со договорот што го потпиша Министерството со унгарската Иницијатива за ментално здравје, Владата со осмислен посебен систем на поддршка и со посебни служби постојано ќе им дава групна и индивидуална поддршка на овие лица. Целта е и тие да ги остварат своите граѓански и човекови права.
„Со вселувањето на првите четворица штитеници го почнавме новиот начин на сместување на лицата со хендикеп. Тие досега беа во Заводот во Демир Капија. Во светски рамки овој систем е се' поприсутен и се' поприменлив. Убавите искуства од другите држави ги презема и Република Македонија. Драго ми е како овие лица го доживуваат сместувањето во новиот дом. За вработените од Демир Капија ќе се најде решение и тие нема да останат без работа“, изјави вчера премиерот Никола Груевски при посетата на штитениците.
Со ваквиот начин на сместување, всушност, почна процесот на деинституционализација на установите во кои престојуваат лицата со хендикеп. Со ова и Македонија, која од март минатата годин�� стана потписник на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со интелектуална попреченост, ќе го пополни досегашниот недостиг од служби и услуги кои се алтернатива за трајно сместување во институциите.
„Долго осмислувавме како овие лица да добијат подобар општествен третман и да се тргнат од изолацијата во која сега живеат 320 штитеници во Специјалниот завод во Демир Капија. Дел од нив ќе добијат нови домови. По Кисела Вода, два дома ќе се отворат в понеделник во Ново Лисиче и еден во Неготино. Станува збор за приватни куќи за кои државата ќе плаќа кирија и ќе ги покрива сите трошоци што ќе ја чинат еднакво колку и престојот на штитениците во Демир Капија. За 2009 планираме нивното домување да се реши со социјални станови“, истакна Ѕвонко Шавревски, претседател на „Полио плус“.
Господине Премиер,ако продолжиш со ваквата политика кон граѓаните на Република Македонија,мислам повекето од половината сме блиску до нервен слом..дали тек тогаш ке ни помогнеш,дали ке успееш да се надминеш себеси за да е подобриш сликава на нашава Македонија...дали ке успееш да изградиш некој фабрика за тие помалу писмените како ги викаш....се надевам нема да чекаш ова се што го кажав да се случи па да ни изградиш некоја фабрика...а во едно и да од нашите државни фирми каде не оштетија,сега моментално се влезени ВМРО-ци некој се разбира лажни,ја имаат окупирано нашата фабрика Ве молам да ми бидат исплатени платите или претворени во акции пошто е државна фирма,и да ми биде платен стажот...се работи за фирма од Кичево,која некако е одбегнувате...а крена раце и идниот градоначалник БД кој го почитувам...Позз.
Од: Внимателно,потребна е селекција
Датум: 04.12.2008 10:41:39
Не се согласувам.Прво заради тоа што не се решени многу проблеми на оние кои не се хендикепирани и живеат без покрив над главата и во мизерни услови.Второ,потекнувам од Демир Капија и многу добро знам какви штитеници има во овој дом, верувајте дека добар дел од нив не се за меѓу луѓе и би било опасно ако се социјализираат.Треба да се направи селекција,не се сите штитеници како овие четворица,дел од нив мора да останат во домот во Демир Капија,а така вработените во овој дом ќе останат на работа.
Од: Aminta
Датум: 04.12.2008 11:12:36
Bravo !!! Do sea vo istorijata na Makedonija ne se slucilo premier da pomogne na deca bez roditeli , na deca so posebni potrebi , hendikepirani i sl.. Prv premier koj sto se grizi za site BRAVO ... Samo napred i podrska od gragjanite kje imate sekogas dokolku rabotite kako do sega ... K
Од: roditel
Датум: 04.12.2008 12:33:10
Licno go znam Dusko Minovski i toj e eden od retkite vo mak koi me rabotat so vrski tuku evropske ako e i Grujo takov mak daleku ce stigne,imam dete so autizam i nema nikakov ni centar ni dom ne neznam kolku od ovie lica od dem kap se sposobni za ziveenje vo stan?i na zapad ima pomali edinici no i pogolemi centri sepak vo demir kap najmnogu ja razbirat rabotata i toa nesmee da se zatvori.Ako se otvorat edinici vo sk znaci mak stanuva evropska i patot za eu e otvoran t.e. pocituvanje na covekovi prava dosega imase iks slucai koga ludje bolni ili hendikepirani maraa da se iseluvat za bug(so bugski pasos)sepak mislam poprakticno e zivealista za 10ludje otkolku za 3 zatoa sto za teski slucai treba povece vraboteni a neli poeftina za 10dusi da ima ednovremeno 4-5vraboteni otkolku 4vraboteni ednovremeno na 4lica?a ce treba nekoj da podgotvuva hrana i cisti znaci pak e poeftino za 10dusi,skopje edinstven 1/2milonaski grad vo ev koj nema ovie raboti ce se vrabotat 1000dusi,bravo grujo.
Од: Dejan Popovski
Датум: 04.12.2008 17:55:49
Najdobar premier do sega vistinski Makedonec.
Za fabrikite ,pa ima fabriki gradezhni firmi,ulici za chistenje,nivi za kopanje i oranje,livadi za pasenje,stolari moleri,nejkete da rabotite toa problemot,site ste naucheni da si legate.Ste nashle pa ste zashle dojdovte od selo dobivte stanovi besplatni vo ubavi naselbi,e drug e problemot shto ne znaete da zhiveet vo grad.nazad u selo site ima rabota za vas.na svetot mu treba hrana ,za zamjodelci ste rodeni kako vi lezi motika na raka,silata ne za tepanej i pukanje po grad nego za na nivite,imate i kuki tamu vi se zapustea prazni zjaat,sega i ma i struja i voda i patishta do selata vashi.Dosta viseh ko rasipana plocha fabriki pa farbiki,gi zatvorija fabrikite od takvi kako vas nerabotnici ,kradvete od shajki shtrafovi do celi shasii ,i ushte plata vi davaa.Ili site sakate u kancelarija na kompjuteri direktori da bidete????
Од: sladj
Датум: 04.12.2008 20:50:49
a koj ke se grizi za niv?? koj ke im gotvi, cisti, dava lekarstva..toa e kako 3 godisni deca da vselite vo kuki i da ocekuvate da se grizat sami za sebe. ova e sepak za pozdravuvanje, no sepak mislam deka uslovite vo Demir Hisar treba da se podobrat..koga veke se ima pari, otkolku ova. i , sto ke pravat vrabotenite vo Demir Hisar?? ke ostanat bez rabota??