Денеска исплата на ноемвриските пензии
Пензиите за ноември ќе бидат исплатени денеска. Вака информираа од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, од каде што не коментираат зошто пензијата не беше исплатена на вообичаениот датум до втори во месецот. „Пензиите се исплаќаат од први до петти во месецот“, само кратко ни објаснија од ПИОМ. До доцнењето, неофицијално, дошло поради тоа што парите кои Владата месечно ги префрлува на сметката на ПИОМ овој месец пензискиот фонд ги добил со задоцнување. (Ј.Ј.) |