Намалување на БДП за 5,5 проценти
Прага - Домашниот бруто-производ во Чешка во второто тримесечје од оваа година бележи пад за 5,5 проценти, што е едно од најголемите намалувања на БДП во поновата чешка историја. Ова го соопшти чешкиот Завод за статистика, притоа ревидирајќи ги податоците за првиот квартал кога првичната проценка за пад од 3,4 отсто, достигна 4,5 отсто.
Најголемо влијание на падот на домашната економија, според статистичкиот Завод, има влошувањето на извозот, пониската инвестициона активност и намалувањето на домашните резерви.
Економистите, Народната банка и Министерството за финансии очекуваат годинава да ја завршат со пад на БДП околу три-пет проценти, а економски пораст очекуваат идната година. Чешките медиуми коментираат дека Чешка полека излегува од рецесијата. (МИА)
|