Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија
Кој ќе им ја врати разликата на граѓаните за дворовите?

Само што донесена, една од најновите владини мерки со која цената на дворовите се намали на едно евро за квадратен метар веќе наидува на жестоки реакции и на критики дека е спротивна на Уставот. Имено, дел од граѓаните веќе ги откупија своите дворови за многу повисоки цени, кои важеа во текот на досегашниот период, односно до 13 евра или 800 денари за квадратен метар. Затоа сега експертите и опозицијата со право прашуваат кој ќе им ја врати разликата во цената што ја платиле. Аналитичарите укажуваат дека оваа одлука е неуставна, бидејќи со неа се доведуваат во нееднаква положба граѓаните кои порано платиле повеќе за своите дворни места.

Инаку, Владата завчера соопшти дека македонските граѓани веќе можат да го откупуваат дворното земјиште на своите куќи и станбените згради по само едно евро. „За двор од 500 квадратни метри, до денес, во општините Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир или Аеродром требаше да се плати околу 5,5 - 6,5 илјади евра. Со намалувањето на цената на само едно евро за квадратен метар, за истиот двор граѓанинот во иднина ќе треба да плати само 500 евра“, изјави премиерот Никола Груевски.

По едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постојните објекти за спорт и рекреација, инфраструктурните објекти, објектите за јавни институции. Досега, за еден квадратен метар дворно земјиште се плаќаше до 13 евра. „Одлуката се однесува на земјиштето под објектот и околу објектот, значи дворовите. Било да станува збир за двор на индивидуална куќа, било да станува збор за двор на зграда. Станарите пропорционално би го откупиле дворот на зградата, што ќе им даде можност за доградба и ќе ја елиминираат потребата понатаму да плаќаат под закуп“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставревски.

Во Владата тврдат дека со ова се заокружува процесот на приватизација на земјиштето. Тоа ќе може да се стави во функција и при земање кредит во банка, но и при продажба.

Опозицијата експресно реагираше по оваа одлука на Владата, потсетувајќи дека истата Влада досега ја зголемила цената. „Токму СДСМ ја повикуваше Владата да ги намали цените за откуп на дворното земјиште во сопственост на државата. Да ја потсетиме јавноста дека Владата на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ во изминативе три години два пати ја зголеми цената за откуп на дворовите по квадратен метар“, изјавија во СДСМ. Според нив, премиерот треба да одговори дали ќе им ја надомести разликата на граѓаните што платија поскапо. „Прашуваме дали Никола Груевски од својот џеб или од џебовите на своите министри сега ќе им ја врати разликата во цените на овие граѓани“, реагираа од опозицијата. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 1769 пати.

Испрати коментар

Од: Оштетен граѓанин
Датум: 09.09.2009 00:28:45
Господин премиер Груевски, со оваа одлука извршивте директна дискриминација на граѓаните кои притиснати од роковите си ги откупиле дворовите по 13 пати повисока цена и сте ги наградиле оние кои не повеле постапка во законскиот рок. Секоја чест! Само така продолжете.
Од: ivica
Датум: 09.09.2009 01:23:49
Стварно се познава за секој весник кој кого напаѓа а кого брани ако е многу скапо коментари ако е ефтино зошто е ефтино па после тоа сите ни се криви само ние сме добри.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 09.09.2009 02:51:40
Deneska kupuvas kola nova kosta 20,000evra posle eden mesec istata kola se prodava za zamo 15,000evra koj ke mugi vrati parite na predxodnite kupuvaci , Pa kriza e ima pd na cenite . Ako gledame taka vladata go namaluva DDV mnogu cesto vo korist na narodot.
Од: veselin
Датум: 09.09.2009 03:11:28
Ete,vladata ja poslusa opozicijata.I toa treba da e poen za niv,a ne pak da se bunat. Inace ako se tolku posteni od opopzicijata,daj neka napravat rorlizacija na stambenite krediti,od vreme sto go napravi Slovenija.I sekoj da vidi kolku navistina platil i kolku uste navistina ke plati.Se razbira da im se presmeta na site kolku izdvojuvale za bozemniot solidaren stanben fond i kolku iskoristile od nego.A na tie sto ne iskoristile nisto ili mnogu malku,drugite korisnici da im vratat. Nesto SDS ne se bunea koga Kljusev gi pokloni stanovite za po 1-2 iljadi marki.Pa ako sme posteni da bideme do kraj.Slovenija neka ni e primer za patriotizam,cesnost i se taka po red.
Од: Трпе.
Датум: 09.09.2009 07:30:18
Е тоа ти се вика власт.Падна на наниското скалило и вели Дај што ке Дадеш,само и само да собере некој денар во празната каса.Кога може толку да се намали цената за откуп на дворните места ,зошто не ги дава и бесплатно.Но вистината е што нешто многу и се брза и само вади по некоја карта од ракав.Но што ке се случи со овие кои платија по многу високи цени,дали ке бидат обештетени.Дали власта ке добие едни пријатели а ке изгуби други.Рејтингот мора да опстојува па било по која цена.
Од: Violeta
Датум: 09.09.2009 09:04:23
како сега да го смирам татко ми кој има 72 год., сто велат човек со крстот на чело, да го запази рокот, да зајми пари,уште ги враќа, а ваму пу пу не се важи. Секоја власт постепено не учи да не ја сфаќаме озбилно, да не брзаме да не почитуваме рокови. А мене татко ми цел живот ме учи да сум лојална кон државата, да не биде она - државата ќе си го земе тоа што е нејзино- а ваму државата прави дај што даш. Како беше онаа старата - двапати мери еднаш сечи.
Од: Graganin so otkupen dvor
Датум: 09.09.2009 09:46:05
Sram da mu e na premierot na vladata i vladata shto gi nagraduva onie koi ne se pridrzuvaat na zakonot i chekaa dvorovite da im gi dade bakshis. So ovoj cin ni dava ushte edna prichina da ne glasame za nego sledniot pat zashto so dvojni standardi go stimulira bezakonmieto. Za ova Vladata ke mora da odgovara pred sud i da gi kompenzira onie gragani koi platile po 5 ili 10 iljadi evra za dvorovite. Samo da ve potsetam deka spored posledniot cenovnik kvadratot beshe 20 evra. Izleguva deka Vladata im gi sobra parite na onie shot imaa da platat, a sega protivzakonski ke im go podeli zemjishteto na onie (koi ne se pridrzuvaa na odredbata I zakonot) shto znaele deka ova ke se sluci. Cist kriminal. Alal ti vera Gruevski.
Од: Makedonec
Датум: 09.09.2009 10:16:51
Gospodine Premier, mislam deka so novata uredba na Vladata napravivte nepromislen cekor za namaluvanje na cenata na zemjisteto na dvorovite od 1 EUR, koj ke ja vrati razlikata na site posteni gragani koi go platile na vreme svojot dvor. Treba da razmislite i na ovaa tema....Ne moze Vladata da bide za nekoj majka za nekoj makea, razlikata na uplata e od 2000 - 5000 EUR koi ne se mali pari vo ova vreme. Mozebi ke kompenzirate so evroobvrznici ili..... Pozdrav,
Од: ljubica
Датум: 09.09.2009 10:18:47
Kolo diamantot treba da znae deka otkupot na dvorno mesto e obvrska za site, a kola kupuva koj saka i koj ima pari. Znaci, ako drzavata rekla site da si gi kupime dvorovite togas treba i site pod ista cena toa da go napravime. Megu tie sto dosega gi otkupile dvorovite ima penzioneri koi odvoile od malata penzija za da ja ispolnat zakonskata obvrska. Zaradi ednakvost pred Ustavot, Vladata treba da izvrsi vracawe na razlikata na tie sto dosega gi otkupile dvorovite.
Од: realen
Датум: 09.09.2009 11:20:26
Ova e toa sto e napisano deneska vo ovoj isti broj na vesnikov uste vo dva teksta.. Populizam do bezobrazie, koj razbira jasno mu e, koj ne - ke mu tekne nekogas.... Ebati i vlast i sve!
Од: Osteten
Датум: 09.09.2009 12:14:25
ZAda go platam dvornoto mesto morav da zemam kredit na 36 meseci . ZA 500kvadrati zemav 2500evra seuste gi vrakam so kamata, sramota koj ke snosi odgovornost poradi ovoj cirkus a? Dole vlada
Од: stefan
Датум: 09.09.2009 12:18:42
koga sum ja pocnal postapkata za otkup za koja rokot bese 25.01.2007, ne sum mozel da gledam na gravcinja deka na 05.02.2007 ke donesat izmeni na zakonot i ke go prolongiraat rokot. znaci na vekje oficijalno izminat rok ovie nosat novi izmeni. Malku mi lici ova protivzakonski. Sega se kaam sto sum go pocituval zakonot. dobar primer od Vladata kako ne treba da se pocituvaat zakonite. SRAMOTA!! koljo dijamantot treba da razbere deka kola i nedviznina ne e isto...
Од: Mitko
Датум: 09.09.2009 13:13:57
Koj ke mi ja nadomesti mene razlikata shto jas kupiv zemjishte za 500 evra kvadrat a komshijata do mene pred 50 godini za samo 100 dinara. Patem minatiot mesec od Bicijani kupiv kostum za 500 evra a sega go gledam istiot na popust za 200 evra. Od koj da baram sega 300 evra. Da gi dademe i Bicijani na Ustaven sud a? Da ne zaboravam 1998 godina plakavme za mobilen broj po 2000 marki a sega gi davat za bez pari. Da ni gi vratat i tie pari. A patem zoshto jas da plakam po 1 evro za m2 koga na Djonson Kontrol im go dadea za bez pari. Luge zemjishteto e na drzavata kolku saka tolku ke go prodava. Ne tresete gluposti.
Од: martina
Датум: 09.09.2009 13:21:33
do sega ne ja otkupivme zemjata zatoa sto nemase urbanisticki plan, a komsiite zatoa sto bea vo sudski spor, no najmnogu luge ne ja kupija zatoa sto ne mozea i prepustija se na gospod. tie sto ja kupija vo nasa blizina site bea parajlii iako nekoi od niv glumata deka ne e taka. nema vrakanje na parite. Toa e lotarija vo zivotot. i na licitacija ako nikoj veke ne dava se prodava evtino.
Од: ogorcen
Датум: 09.09.2009 13:25:20
ova samo kaj nas moze da se sluci zatoa nikoj pat nema drzava da imame.tesko na ovoj narod od vakva vlada posle ce cudat zasto zemaat bugarski pasosi
Од: makedona
Датум: 09.09.2009 13:44:13
koga nema{pari ne kupuva{ zemja, ]e pla]a{ renta
Од: makedo
Датум: 09.09.2009 15:17:55
Do "graganin so otkupen dvor". Tie sto dosega ne gi otpkupile dvorovite ne go prekrsile zakonot, bidejki rokot za otkup uste vazi. Taka da sramota e da kazete deka vladata gi nagradila. Poveketo od tie sto dosega gi otkupile dvorovite, imale pa gi otkupile. Znaete li kolku luge nemaat pari da gi otkupat, a sakaat da go storat toa, ama nemaat ni za leb.Taka da ne tresete zeleni site. Ova e odlicna odluka na vladata i sramota e sega da se frla so kamenja po vladata. PS. Apeliram do vladata da ja namali davackata po m2 za komunalii za izgradba, pa da vidis kako site ke platat.
Од: Zlate
Датум: 09.09.2009 15:26:32
Dijamantu, sakas da kazes deka tvojot dvor sega vredi 12 pati pomalku od mojot zatoa sto e edna godina postar?!?
Од: ocajna domakinka
Датум: 09.09.2009 17:12:03
Zedov kredit za da si go otkupan dvornoto mesto bidejki Vladata na Gruevski odredi rok, i se zakani deka onie koj neme da go otkupi ke plaka kirija koja za 3 godini kirija bese ednakva da se otkupi. A sega dana za edno evro go prodava a pokasno moze ke pocne i da go poklonuva samo za da privleci gladaci. A neplakaci se samo ovie podzuvacite na VMRO-DPMNE koj moze i bea izvesteni da ne go otkupuvaam. E vaga Gruevski ne moze so diskriminacija eden den i ti ke si diskriminiran.

Најди! во Утрински
Економија
Македонија на маргините по инвестиции во енергетиката
„Крафт“ нуди 10,2 милијарди фунти за „Кедбери“
Трише
Пад на конкурентноста на економијата
Секнаа странските инвестиции
Намалување на БДП за 5,5 проценти