Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Трише: Светската економија се стабилизира

Базел - Претседателот на Европската централна банка, Жан-Клод Трише, изјави дека глобалната економија покажува знаци на излегување од најдлабоката рецесија во последните 60 години. „Најновите показатели се подобри од очекуваните и стабилизацијата е нешто што најверојатно се потврдува на глобално ниво“, рече Трише по завршувањето на состанокот на гувернерите на централните банки во швајцарскиот град Базел.

Тој во Базел се сретна со челниците на најголемите централни банки, вклучувајќи ги и гувернерите на Банката на Јапонија, Масаки Ширакава, и на Централната банка на Кина, Џоу Сјаочуан. Трише укажа дека меѓу гувернерите постои високо „единство во намерата“ да се постигне стабилност на цените.

Централните банки и владите на земјите во светот се залагаат за построго регулирање на финансискиот пазар откако големото ризично работење на финансиските институции доведе до загуба од 1,61 милијарда долари и принуди многу влади на спасување на тие институции со помош на пари од даночните обврзници. (МИА)


#
Статијата е прочитана 312 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Македонија на маргините по инвестиции во енергетиката
„Крафт“ нуди 10,2 милијарди фунти за „Кедбери“
Кој ќе им ја врати разликата на граѓаните за дворовите?
Пад на конкурентноста на економијата
Секнаа странските инвестиции
Намалување на БДП за 5,5 проценти