Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонија на маргините по инвестиции во енергетиката

Во соседството се реализираат крупни инвестиции во енергетиката, а ние сме во фаза на проекти

Маја Томиќ

Македонија и натаму останува на маргините кога се во прашање инвестициите во енергетиката. Додека целото соседство веќе реализира конкретни проекти од поголеми размери, кои значително треба да ја подобрат нивната енергетска снабденост, Македонија се' уште е во тендерска фаза за повеќе проекти или размислува за распишување нови тендери. Во таа насока, во тек е тендерската процедура за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“, за еден пакет мали хидроцентрали се избрани најповолни инвеститори, а наскоро би требало да биде објавен и тендер за ХЕЦ „Бошков мост“. Досега неколку пати одложуваните тендери, со секоја промена на власта, само ги намалија надежите дека брзо ќе се добијат првите киловат-часови струја од новите објекти. Инаку, Македонија 30 проценти од потребите за струја обезбедува од увоз и секоја година троши милионски суми евра за таа цел.

Во меѓувреме, соседството станува се' поатрактивно за влез на енергетски инвестиции и добар дел од нив практично и стартуваа. Неодамна швајцарската ЕФТ најави дека во Босна и Херцеговина ќе инвестира 100 милиони евра за изградба на хидроцентралата „Улог“ на реката Неретва. ЕВН и „Штаткрафт“ во јуни почнаа со изградбата на три хидроцентрали на реката Девол, во Албанија, а вредноста на инвестицијата е 950 милиони евра. И германската РВЕ уште пред две години својот интерес го насочи кон Бугарија, во изградбата на нуклеарката „Белене“, во што македонските власти решија да не се вклучат. Дел од овие странски енергетски компании последниве години беа заинтересирани за инвестирање во енергетскиот сектор во Македонија, но се' уште нема резултати. РВЕ многу сериозно пред две години нудеше дури 500 милиони евра за ХЕЦ „Тиквеш“. ЕФТ и австриската ЕВН учествуваа на претходните два тендера за ХЕЦ „Бошков мост“. Во времето на смената на власта, кон средината на 2006 година, Владата го стопира тендерот за ТЕЦ „Неготино“, за што најповолна понуда даде ЕВН, и термоцентралата повторно ја врати во рацете на државата. Да се дозволеше старт на оваа инвестиција, според раководството на ЕВН, Македонија сега ќе беше производител на значајни количества струја, а наскоро и извозник. Државата се наоѓа и на маргините на повеќе проекти за гасификација што циркулираат во регионот, а за кои Македонија досега не најде ниту средства, ниту интерес да се придружи, иако гасификацијата значително ќе ја намали потрошувачката на струја, пред се', во домаќинствата.

И додека регионот сериозно го решава проблемот со недостиг од електрична енергија и масовно гради централи, Македонија само реди пропуштени инвестиции во енергетиката во изминативе 20 години. Проектите што континуирано се најавуваат пропаѓаат уште во тендерската фаза или се одолговлекуваат од непознати причини, како што е изградбата на „Матка 2“, која од пред четири години ја гради словенечки „Рико“. Последен сериозен енергетски проект во Македонија беше изградбата на хидроцентралата „Козјак“, која е пуштена во употреба пред пет години, но нејзиниот капацитет е незначителен за земјава.

Инаку, според најновата Стратегија за развој на енергетиката до 2020 година, на Македонија и' се потребни најмалку три милијарди евра инвестиции во енергетиката за да биде независна од увозот на струја. А, тоа не може да се реши само ако работат термоцентралите и хидроцентралите, чии ресурси се ограничени, туку е неопходно да се размислува за нуклеарна енергија и за употреба на природен гас. Експертите сметаат дека 51 отсто од потребните три милијарди евра треба да ги финансира државата, а останатите средства да се обезбедат од странски инвеститори.

 


#
Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар

Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 09.09.2009 11:09:49
Odlicen tekst za katastrofalnoto dezinvestiranje vo elektroenergetikata. Zaradi vakviot odnos teminata po 10-tina godini ni e zagarantirana! Vo 21 vek ke bideme kako Afrika. Site toa go znaaat, a nikoj nisto ne prevzema. Strashno i zalno...

Најди! во Утрински
Економија
„Крафт“ нуди 10,2 милијарди фунти за „Кедбери“
Трише
Кој ќе им ја врати разликата на граѓаните за дворовите?
Пад на конкурентноста на економијата
Секнаа странските инвестиции
Намалување на БДП за 5,5 проценти