Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хроника

Стразбур ни пресуди за патарините

Судот пресуди дека 38 вработени од патарините биле неправедно притворени

Љубиша Станковиќ

Триесет и осумтемина приведени за злоупотреби на патарините, со месеци непотребно седеле во притвор. Поради ваквиот кикс, државата ќе треба на секој од нив да им исплати по 2.000 евра за трошоци, односно вкупно 76 илјади евра. Вака одлучи Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој постапуваше по жалбата поднесена од Никола Василковски и 37 лица обвинетиот во случајот „Змиско око“. Судот констатира дека притворот им бил неоправдано одреден или неоправдано им бил продолжен. Според Судот за човекови права, со тоа е прекршен член 5 став 3 од правото на слобода и сигурност од Европската конвенција за човекови права.

Судот во Стразбур не расправал за основата на предметот и обвинението што било поднесено за лицата што беа обвинети во случајот „Змиско око“, туку расправал исклучиво по жалбите на обвинетите за изречениот притвор.

Случајот „Змиско око“ го обелодени полицијата кон крајот на 2007 година како почеток на борбата против организираниот криминал и корупцијата. Само во првиот налет полицијата приведе 72 раководители и инкасатори на наплатните рампи. Кратко време по распитот на приведените за злосторничко здружување, за злоупотреба на службена должност и за примање поткуп, тие завршија во затворот „Скопје“.

Притворот на осомничените во „Змиско око“ им траеше од втората половина на ноември 2007 до средината на февруари следната година кога започна судскиот процес. Најголемиот дел од притворените излегоа на слобода паралелно со текот на судењето што заврши на крајот на ноември 2008 година.

Случајот „Змиско око“ е најголемиот случај во македонското правосудство со одржани 34 главни претреси, а имаше и шест одложувања.

Со првостепената пресуда, беа осудени само 13 од вкупно 72 обвинети, а за другите судот изрече затворски казни од по две години кои беа заменети со условни, доколку во наредните пет години не сторат друго кривично дело.

Две, највисоки казни, во траење од по четири години, им се изречени на обвинети кои за цело време откако е започната кривичната постапка беа недостапни за полициско-судските органи. Судот изречен и две затворски казни во траење од по три години. Едната од казните се однесува на првообвинетиот Зоран Јанески (45) викан Коко, а за осуммина други, главно, раководители и контролори беа казнети со две годишни затворски казни или на овие 13-мина обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување им беше изречена пресуда од 30 години.

Судот ги задолжи сите обвинети солидарно да ја надоместат штетата од безмалку 170 милиони денари и да ги намират трошоците за водењето на постапката. Неколку месеци подоцна, Апелациониот суд во Скопје ја поништи донесената пресуда и случајот го врати отпочеток, но од март годинава досега никако да започне повторениот судски процес.


#
Статијата е прочитана 1115 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 29.10.2010 18:03:59
БАНАНА ДРЖАВА !!! Мајмуни народ !!
Од: Анонимен
Датум: 29.10.2010 18:53:39
Не е точно дека секој ќе добие по €2,000 односно €76,000. Доделени се само €2,000 и тоа за правни трошоци кои ќе бидат префрлени на сметката на Хелсиншкиот комитет кој ги застапуваше пред судот во Стразбур. Професионалното новинарство се темели на проверени факти. Во овој случај доволно ќе било авторот на овој текст да го прочита последниот пасос од пресудата која е достапна на интернет.
Од: професорка
Датум: 29.10.2010 21:47:01
Парите да им ги врати двоецот Јанкуловска - Маневски. Тие се експерти за (не)правда.

Најди! во Утрински
Хроника
Фалсификаторот украл податоци од дете на пријатели
Роми од Македонија уапсени во Италија
Уште тројца мажи вплеткани во штипскиот секс-скандал
„Реплек“ демантира дека плаќал провизии за инсулинот






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries