Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хроника

Уште тројца мажи вплеткани во штипскиот секс-скандал

Се шири истрагата околу проституцијата на двете девојчиња од Штип

Скандалот со малолетничката проституција на двете девојчиња од Штип доби ново продолжение. Полицијата приведе уште три лица што ќе одговараат за полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години. Во меѓувреме, продолжува постапката против 11-мина инволвирани во случајот.

Според истрагата, Д.Ѓ. (36) од Куманово во април годинава, во неговиот стан во повеќе наврати извршил обесчестување и други полови дејства врз малолетничките, кои тогаш се' уште немале наполнето 14 години.

„Констатирано е дека и од март до јули годинава во повеќе наврати во мотел во Штип, како и во стан во населбата 8 Ноември и штипјанецот Е.Т. (35), извршил обесчестување и други полови дејства врз малолетничките“, соопшти МВР.

Охриѓанецот А.М. (31) е осомничен дека извршил обесчестување врз едната малолетничка во мај годинава додека таа била на екскурзија во Охрид. Од штипската полиција наведуваат дека продолжуваат со истрагата и оти во тек се проверки на други лица околу нивна можна инволвираност во случајот.

Како што веќе пишувавме, секс-скандал изби откако беше обелоденето дека возрасни лица имале сексуални односи со две девојчиња, од кои едното се' уште нема ниту 14 години. Подоцна полицијата приведе и осомничи две девојки на возраст од 20 и 23 години за подведување на децата, а еден наставник беше осомничен за обесчестување со злоупотреба на службената положба.

Како што информираше МВР, на листата на клиенти што плаќале од една до пет илјади денари за секс со малолетничките, биле познати бизнисмени и влијателни луѓе од неколку градови на возраст меѓу 30 и 65 години.

Долго време се водеа расправи дали предметот треба да прејде во скопското Основно обвинителство, но на крај се донесе одлука за него да расправа Основниот суд во Штип. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1091 пати.

Испрати коментар

Од: goran
Датум: 29.10.2010 13:52:23
Аптекарот од куманово ние кумановци го знаеме многу добро како малку чуден човек,а и мајкаму која е исто така во истиот бизнис. Само се прашувам како може државата да дозволи такви луѓе сс тапију што би рекле ми кумановци да продаваат лекови.Зарем во некој нивни настран нагон треба да испотруев цел град па да се види дека двајцата се ненормални, нели треба да има некои прегледи па да се види дека секој не може да работи во аптека.
Од: без иронија
Датум: 29.10.2010 14:52:49
Така ти е тоа.Кога државата не успеала да им ги земе парите што и ги должат по сите основи.Парата аздисува секого,особено на оној кој лесно спечалил,врз грбот на сиромавиот,и флексибилноста на државниот законик.Па си вели дај уште оваа работа...А и овие оштетениве,како дозволиле после првиот пат,повторно да биделе обесчестени?!.Ни смрди целото општество.Ни смрди целиот свет.Долу,шамијата!Напред со еманципацијата на жената!Иднината е во нејзините раце.Близу е денот кога при декритериуминизацијата на општите начела,жртвата да се прогласи за насилник,паразит кој живее на туѓа сметк��.Затоа малку усул со "санкционирањето".Да не се плаќа после обештетување.A за тоа сме мајстори.Кај чекале другите ,нека почекаат и овие предмети до денот Д.

Најди! во Утрински
Хроника
Фалсификаторот украл податоци од дете на пријатели
Стразбур ни пресуди за патарините
Роми од Македонија уапсени во Италија
„Реплек“ демантира дека плаќал провизии за инсулинот






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries