Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Хроника

Фалсификаторот украл податоци од дете на пријатели

Момчето, чии податоци се злоупотребени во Пасошко, досега немало документи

Српскиот државјанин Суфијан Хунели, кој со фалсификувани документи успеал да извади биометриски пасош и да избега од земјава, бил во пријателски односи со фамилијата на момчето, чии податоци ги злоупотребил. Како што неофицијално дознаваме, деветнаесетгодишникот, чии податоци се украдени, досега не поседувал лични документи и никогаш не патувал надвор од земјава. Извори во МВР велат дека токму ваквиот профил на жртвата му овозможил на фалсификаторот да ги злоупотреби податоци��е на момчето што живее во околината на Скопје, и на негово име и презиме да извади лична карта и пасош, со кои заминал од земјава. Според досегашните сознанија на полицијата, станува збор за инцидентен случај и нема индиции дека тројцата вработени во Управните служби на МВР дејствувале како група, а нема докази ниту дека земале пари за да биде направен фалсификат.

Полицијата завчера поднесе кривични пријави против тројца вработени во Пасошкото одделение во Скопје откако минатата недела било утврдено дека одобриле издавање лични документи на странец, кој дал лажни податоци. Во пријавата на полицијата се наведува дека тие издале биометриски пасош на српски државјанин со привремен престој во Кондово, на кој тој успеал да вметне лажни податоци. Со пасошот потоа преку аеродромот „Александар Велики“ ја напуштил земјава.

Случајот бил откриен кога момчето дошло во МВР на закажан термин за вадење нови лични документи. Тогаш службениците во компјутерската документација забележале дека документи на негово име веќе се издадени. Како што дознаваме, внатрешна контрола со денови вршела проверки во Пасошкото во МТВ, барајќи го спорниот предмет.

Според помошник-министерот за информирање, Иво Котевски, истрагата утврдила дека се направени низа пропусти од страна на тројцата вработени, во однос на постапката за издавање лични документи, со што ја злоупотребиле службената положба и овластувања.

„Тројцата вработени во управните служби биле должни да го проверат идентитетот на барателот за добивање биометриски документи со што ќе се спречела злоупотребата“, вели помошник-министер за информирање, Иво Котевски. Тој додава дека сега е на судот да одлучи дали натаму ќе се бара проширување на истрагата, со цел да се утврди како српскиот државјанин дошол до податоците на оштетеното момче, кои потоа ги фалсификувал и ги злоупотребил за свои цели. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1107 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Стразбур ни пресуди за патарините
Роми од Македонија уапсени во Италија
Уште тројца мажи вплеткани во штипскиот секс-скандал
„Реплек“ демантира дека плаќал провизии за инсулинот






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries