Му скршиле нос пред манастир
Кочанец е тешко повреден при тепачка пред манастирот „Св. Пантелејмон“ во атарот на село Пантелеј, Кочанско. Според полицијата, инцидентот се случил завчера околу 4,50 часот пред манастирскиот комплекс каде што настанала расправија, а потоа и тепачка меѓу З.А.(30) од село Бели и С.Д.(39) од Кочани, од една страна, и О.С.(27) и Д.А.(24), од друга страна. „Учесниците во тепачката се мавале со тупаници и клоци, нанесувајќи си видливи повреди, а на О.С. му бил скршен носот. На повредените им е укажана лекарска помош во Здравствен дом - Кочани и се пуштени на домашно лекување. |