Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Децата неми сведоци на насилството

Само осум деца смогнале храброст да пријават насилство во својот дом или на училиште на СОС-бројот на „Меѓаши“

Даниела Трпчевска

Расплакано и вознемирено дете неодамна се јавило на СОС-телефонот за деца и млади на Првата детска амбасадата „Меѓаши“, барајќи помош. Со плачлив глас молело за помош да прекине семејното насилство што го трпи од своите родители. Велејќи дека не може повеќе да издржи, детето раскажало дека неговите родители постојано физички и психички ги малтретираат него и неговите братчиња и сестричиња. Молело да престане насилството, заканувајќи дека, во спротивно, ќе си го одземе животот.

„Се закануваше дека ќе си го одземе животот, бидејќи не сака повеќе да живее со своите родители, туку со бабата и дедото, кои се грижат и го почитуваат. Најпрво разговаравме со детето и се обидовме да го смириме. Откако престана да плаче, го замоливме да ни каже контакт за да разговараме со некој возрасен на кого му верува. Веднаш контактиравме со дедото и со бабата, кои ни потврдија се', дека нивниот син и снаа имаат проблем со алкохолот и дека се агресивни. Им ја објаснивме постапката и институциите што треба да ги информираат и им понудивме психолошка помош и поддршка за нивното внуче“, објаснуваат од детската амбасада.

Откако се алармирани сите надлежни институции за случајот, Меѓуопштинскиит центар за социјална рабо��а донел решение за надзор на вршење на родителското право.

Ова е само еден од неколкуте случаи на семејно насилство кои од почетокот на годинава биле пријавени на СОС-бројот 0800 1 2222. Децата, според невладините организации, се' уште се незаштитени и постојано се изложени на насилство и злоупотреба претежно од страна на возрасни лица. Најголемиот број пријави се однесуваат на проблеми во семејството каде што се нарушени семејните односи.

„Децата молчат и трпат насилство. Тие ретко го пријавуваат насилството, бидејќи се плашат. Оние што се јавуваат се возрасни лица блиски на семејството, сведоци на агресијата на која се изложени децата“, велат од „Меѓаши“. Потврда за тоа е фактот што само осум деца жртви на насилство годинава имале храброст и сами го пријавиле насилството.

Најголем број пријави - вкупно 20 се однесуваат за семејно насилство. Иако се донесоа промени во Законот за семејство во кој строго се забранува каква било форма на насилство во домот, сепак, семејното насилство е тешко да се искорени. „Децата се најголемите жртви и, за жал, тие се неми сведоци на секојдневните случувања. Насилството во домот најчесто е поврзано со консумирање алкохол. Имаме јавувања кога двајцата родители се зависници од алкохол и секојдневно ги малтретираат своите деца“, велат во детската амбасада.

Според Драги Змијанац, извршен директор „Меѓаши“, најчесто семејното насилство го пријавуваат роднини, соседи и пријатели што го забележале проблемот. Голем број од пријавите на СОС-телефонот се однесуваат и на физичко и на психичко насилство врз децата, но и за негрижа врз децата. Најмладите се соочуваат и со прекршување на нивните права при бракоразводни постапки, насилство во училиштата и слично.

„Меѓаши“ препорачува државните институции и центрите за социјална работа да бидат побрзи во утврдување на надлежностите, социјалната инспекција да има увид во работата на центрите и да се казнуваат одговорните за неефикасното работење. Исто така, се препорачува омбудсманот да ги детектира пропустите во заштита на децата и да бара построги казни за сторителите и одговорност од институциите.

„Меѓаши“ бара и хармонизација на бесплатниот СОС-телефон за деца и млади 0800 1 2222 со европскиот шестцифрен број за помош и поддршка на деца и млади 116 111.


#
Статијата е прочитана 328 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Дрвокрадците ги сардисаа шумите
Тројца кочанци дивееле низ градот
Кривична пријава за охриѓанец поради затајување данок
Му скршиле нос пред манастир

"""