Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Дрвокрадците ги сардисаа шумите

Струмица - Масовно се сече шумата во Струмичко. Заклучно со јули годинава, поднесени се близу 1.400 кривични и прекршочни пријави, што е многу повеќе во споредба со лани кога за цела година биле поднесени две илјади пријави. Иако според надлежните во пролетните и летните месеци кражбите треба да стагнираат, тие се зголемуваат, па се очекува драстично зголемување на кражбите пред почетокот на грејната сезона.

„Ако продолжат кражбите и во наредните месеци, тогаш може да се очекува нивниот број постојано да расте. Ако имаме по 150 пријави месечно во просек, тогаш ќе дојдеме до бројката од речиси 2.800 откриени кражби“, вели Георги Петров, раководител на сектор за заштита на шуми при Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.

Во Струмичко шумата најмногу се краде во атарите на селата Баница, Свидовица, Висока Маала и Банско. Во кражбите се вклучени цели семејства што егзистираат од тоа. И покрај зачестените акции, дрвокрадците стануваат поагресивни, напаѓајќи ги шумарите и припадниците на Шумската полиција. Во последниот инцидент што се случи пред десетина дена, шумски полицајци беа нападнати со секири од дрвокрадци. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар

Од: goran
Датум: 11.08.2011 13:17:17
katastrofa e i vo Stipsko , na edno drvo mu e potrebno 20 30 godini da porasne,plus imate i sumski pozari treba ARM ili POLICIJATA da stavat red, mesto preku penzionirete Drva da se kupuvaat podobro e da se podelat beslplatno plinski boci za gotvenje, sekoj den po 10 20 kamioni so drva mi pominuvaat pred oci. Makedonija ne e tolku Ladna zemja osven Januari mesec

Најди! во Утрински
Хроника
Децата неми сведоци на насилството
Тројца кочанци дивее��е низ градот
Кривична пријава за охриѓанец поради затајување данок
Му скршиле нос пред манастир

"""