Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Кривична пријава за охриѓанец поради затајување данок

ОХРИД – Охридската полиција поднесе кривична пријава против бизнисмен од Охрид и сопственик на интернет-портал поради затајување данок. Како што соопшти МВР, станува збор за 44-годишниот С.Д. кој полицијата го осомничи за даночно затајување, оштетување или повластување доверители и фалсификување или уништување деловни книги.

Охриѓанецот во текот на 2008, 2009 и 2010 година, во својство на сопственик и управител на правен субјект, водел фиктивно сметководство, делумно се обезбедувал со фиктивни фактури, до УЈП Охрид не поднесувал ДДВ пријави или ги поднесувал со невистинити податоци. Полицијата соопштува дека тој, исто така, противправно подигал жирални средства од сметката на правниот субјект во деловните банки што биле незаконски раскнижувани по повеќе основи, без притоа да поседува соодветен документ. Со тоа охриѓанецот, според МВР, го оштетил државниот буџет за над 1,7 милиони денари.

„Тој во текот на 2009 и 2010 година, иако знаел дека неговата фирма е неспособна за плаќање, со намера изиграл неколку доверители-доставувачи на бехатон-плочки. Со измамнички дејства во книговодствената евиденција, наместо да ги плаќа обврските кон доверителите во износ од над два милиона денари, ги подигнал во готово од жиро-сметка и лично, фиктивно ги евидентирал како материјални трошоци во износ од над 3,6 милиони денари во 2009 и 3,3 милиони денари во 2010 година“, соопштуваат од полицијата.

Во текот на 2009 година, пријавениот употребил во книговодството невистинита деловна исправа-фактура од друг деловен субјект, во износ од 190.549 денари со намера да евидентира набавка на материјал и искаже влезен ДДВ со право на одбивка од 29.066 денари.

„Со измамнички дејства и лажно претставувајќи се дека е вработен во МВР, тој оштетил повеќе доверители на неговиот правен субјект за вкупен износ од 2,5 милиони денари и ја прикрил, односно ја уништил деловната документација, која законски бил обврзан да ја чува“, информира полицијата.

Откако завчера беше лишен од слобода, на распитот во полицијата му се слошило, по што бил однесен на Интерното одделение во Општата болница во Охрид, по што е пуштен дома. Истражен судија не му одредил притвор. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 285 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Дрвокрадците ги сардисаа шумите
Децата неми сведоци на насилството
Тројца кочанци дивееле низ градот
Му скршиле нос пред манастир

"""