Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Вработени на скопскиот аеродром краделе керозин

Со кривична пријава, поднесена до скопското Јавно обвинителство, полицијата осомничи двајца вработени на скопскиот аеродром „Александар Велики“ за кражба на гориво. Станува збор за лицата Д.М.(50) и Б.Н.(42) за кои од МВР велат дека кражбата започнала уште од почетокот на годината и траеле се' до минатиот четврток. Освен за продолжено дело кражба, споменатите се товарат и злоупотреба на службена положба и овластување.

Кражбата, осомничените ја сториле со тоа што го злоупотребиле своето работно место. Имено, првопријавениот Д.М. бил вработен како контролор во мониторинг-центарот, а второпријавениот Б.Н. како шеф на службата за безбедност на аеродромот. Тие во повеќе наврати источиле и украле околу 7.000 литри гориво со што АД „Макпетрол“ го оштетиле за 318.459 денари.

Полицијата, по добиени сознанија дека споменатите се потенцијални извршители на кражба на гориво од цистерните за гориво, паркирани на Аеродромот „Александар Велики“, бил извршен увид на самото местото, а по нивното приведување бил извршил и информативен разговор од кој било утврдено дека кражбите на гориво започнале уште од почетокот на годината, кога од паркираните цистерни, во континуитет источиле 6.694 литри, а дека на осми овој месец украле уште 170 литри.

Точењето на горивото најчесто се случувало во ноќните часови кога на Аеродромот немало слетувања и полетувања на авиони, односно додека вработените од „Макпетрол” биле во своите работни простории.

Кражбата ја вршеле така што од вентилите, од потцистерните, во канти источувале различна количина гориво, а со службените возила што ги користи обезбедувањето на аеродромот ги изнесувале надвор од објектот, а потоа или го продавале или го користеле за лични потреби.

При извршениот полициски увид, на самото место биле пронајдени пластичните канти, а во возилата со кои било пренесувано, пронајдени се траги од млазното гориво, кои се земени за криминалистичко-техничко вештачење.

Со барање за поведување истрага, осомничените се предадени на истражен судија, кој им одредил мерка притвор во времетраење од осум дена. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1045 пати.

Испрати коментар

Од: Kimov
Датум: 12.04.2010 05:12:10
Da go vratat gorivoto ili konfiksacija na imotot i zatvor po 5 godini. A drugite aramii koga ke slusnat ke se pozamislat dali da kradat. Samo strogo kako vo Kina.
Од: lazeski
Датум: 12.04.2010 09:42:12
Zosto MVR ja krie krivicnata prijava protiv KONARTIS i Goce Zelenkovski,kade Kriminalot e nad 10 milioni evra.
Од: cesna
Датум: 12.04.2010 11:56:33
kerozin kradat tie sto imaat privatni avioni,ne kradat tie sto imaat fico 101,jugo i drug krs,bezbednos zalna makedonija.ne sme cule za takvo nesto i gotovo,

Најди! во Утрински
Хроника
Двајца охридски лекари приведени поради примање поткуп
За две цигари марихуана - 16 месеци затвор
Ограбена обложувалница
Невозвратена љубов, мотив за грабнување жена
Револтиран струмичанец влетал со автомобил во казино