Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Двајца охридски лекари приведени поради примање поткуп

Лекарите-специјалисти примиле 700, односно 500 евра, а биле фатени со остатокот од 800 евра

Поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело примање поткуп, охридската полиција поднела кривична пријава за двајца лекари од Општата болница во Охрид.

Според полицијата, пријавата се однесува на специјалисти - хирурзи Р.М. (50) и Г.Б. (41), вработени во работната единица Урологија при Општата болница во Охрид. На товар на лекарите им се става побаран поткуп од две илјади евра, или 120.000 денари, кои тие на 22 март ги побарале од засегнати родители, а за возврат да извршат службено дејство - лекување во хипербарична комора на четиригодишно дете. Ваквото лекување не смееле да извршат лекарите, бидејќи со одлука од јануари оваа година Општата болница донела решение за затворање на комората се' до носење соодветна правна регулатива и добивање согласност за користење од Министерството за здравство на РМ. Но, и покрај одлуката на болницата, на 29 март оваа година, првопријавениот побарал и примил 700 евра од оштетените, а на 3 април, според кажувањата на оштетените, и второпријавениот побарал и примил 500 евра.

За парите што ги примиле, лекарите не издале никаква потврда што, пак, ставило сомнеж кај оштетените во однос на чинењето и валидноста на медицинскиот третман. Токму од таа причина тие решиле да побараат и писмена потврда за дадените пари. Сега осомничените лекари им издале белешка, која не била архивирана и заведена, но токму тоа било мотив за нивно пријавување.

Случајот бил пријавен во полиција, а биле преземени сите потребни оперативно-тактички мерки за докажување на делото. Полицијата во координација со Јавното обвинителство, на оштетените им подметнало технички обработени банкноти во висина на износот што требало да го доисплатат оштетените.

Разврска на случајот доаѓа во петокот вечер кога технички обработените 800 евра, според договореното, му биле исплатени на првоосомничениот, кој, пак, со примањето на парите се стекнал со противправна имотна корист од 1.500 евра. Но, по исплатата на парите, а со претходно добиена наредба од истражен судија, полицијата извршила претрес во Одделението за урологија и притоа, кај Р.М. биле пронајдени обработените девизи. Освен обработените евра, полицијата пронашла уште 1.980 евра и 1.960 денари, но сега се работи на утврдување на потеклото на овие пари.

Од МВР потсетуваат дека со писмен акт од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, лекувањето во хиперболична комора се врши со син картон и со партиципација од 450 денари за третман. (С.И.-Љ.Ц)


#
Статијата е прочитана 1332 пати.

Испрати коментар

Од: загрижен македонец
Датум: 12.04.2010 00:19:37
Одговорно тврдам дека во Охридската болница не постои доктор што не зема мито. Премиерот и министерот за здравство треба сериозно да преиспитаат што се се случува во Охрид, поготово во одделот за гинекологија.
Од: Grazerin
Датум: 12.04.2010 00:45:51
Nema sto da se kaze,Stramota i bruka bolnite so svojata maka da se borat so bolesta ,no mora i da potmituvaat.Neje samo vo zdrastvoto segde go ima vo R.Makedonija vo site sveri.Bruka nevidena Pozdrav do utrinski i citatelite
Од: Ljube
Датум: 12.04.2010 09:23:32
Sramota za doktorite
Од: lazeski
Датум: 12.04.2010 09:45:20
Dali MVR raboti selektivno,krie Krivicna Prijava protiv KONARTIS,a za ZIMEKS isto firma na Goce Zelenkovski,dali ja pocna Istragata.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.04.2010 10:53:14
Уште еден доказ за мојата теза да пред здравствените реформи прво докторска реформа на моралот и однесувањето кон пациентите.Дали некогаш сте чуле да на некој лекар му е одземена дипломата за несовесно лекување и примање мито.НИКОГАШ не се случило такво нешто а лекарската комора секидневно не малтретира за реформи во здравството,требаат нее спорно но прво самопрочистување морално па потоа се друго.
Од: eu
Датум: 12.04.2010 11:14:15
ova li e tranzicija toa li e pat za eu?????????????maked e na stepen na divjastvo.prijavete vakvi vednas samo taka ce bidete del od evropa.
Од: mirjana
Датум: 12.04.2010 12:38:59
A sto raboti lekarskata komora???!!! Vo vakvi slucai, treba da se otstranat od rabota podmitlivite doktori, i da im se zabrani rabotata, nikogas poveke da ne mozat da se zanimavaat so lekarskata profesija. Megju drugoto, taka treba da funkcionira sekoja esnafska fela.
Од: jas
Датум: 12.04.2010 13:24:12
treba MVR malku da se pozanima i so korupcija na bolnica vo Gostivar prvo te prašat kaj si rabottiš potoa te zemat na pregled i ti kazuvat da treba sve privatno da napravis i imam apoteka preko bolnica i tamo idi kupi lekovi zato sto je moja apoteka..........
Од: kris
Датум: 12.04.2010 15:05:54
Да се само тие............. би биле пресреќни...........
Од: pacient
Датум: 12.04.2010 15:53:43
moeto prasanje e do min.za zdrastvo dali prevzema nesto za onie koi naplatuvaat za ekstra rabota vo bolnicite. Barokomoratab koja megju drugoto leci autizam kaj deca so koi mnogu tesko se raboti zaradi nivniot hendikep potrebno e da se raboti nadvor od rab otnoto vreme za koe ekstra od nivnata specijalizacija se specijalizirani i se najdobri treba da se nagradi nivniot trud. Ostavetea baro komorata vo klinikata koja stoese nadvor od funkcija a tie sto rabotat so nea ne se osposobeni za taa bolest. Zareb zaboravata deka lekarite bea faleni kako prvi koi uspeale da osposobat dete so autizam da prozbori . Koj ke gi leci decata so autizam . Lesno e da se obvini tesko e da se osposobat strucnjaci koi mnogu malku se plateni

Најди! во Утрински
Хроника
За две цигари марихуана - 16 месеци затвор
Ограбена обложувалница
Невозвратена љубов, мотив за грабнување жена
Вработени на скопскиот аеродром краделе керозин
Револтиран струмичанец влетал со автомобил во казино